Достапни линкови

Орбан најави построга имиграциона политика и христијанска демократија


Унгарскиот премиер Виктор Орбан

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по победата на изборите порача дека новата Влада наскоро ќе донесе нови построги имиграциони правила. Тој порача дека ќе заземе и поцврст став против ЕУ околу нејзиниот нареден буџет. Орбан беше реизбран во април, а неговата партија има двотретинско мнозинство во Парламентот. Според него, главните политики нема да бидат променети.

„Ние градиме христијанска демократија. Старомодната христијанска демократија е вкоренета во европските традиции, каде што човечкото достоинство е најважно и постои поделба на власта", рече Орбан.

Тој истакна дека властите ќе ја бранат христијанската култура и нема да ја предадат земјата на „вонземјани“.

XS
SM
MD
LG