Достапни линкови

Трамп: говорот на Нетанјаху е доказ дека сум во право


Американскиот претседател Доналд Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека бил „сто насто во право“ кога го критикувал нуклеарниот договор на големите сили со Иран. Тој ова го изјави само половина час по говорот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во кој оцени дека овој договор бил заснован врз лаги и наведе дека Израел имал убедливи докази за тајната нуклеарна програма на Иран. Трамп смета дека однесувањето на Иран не е прифатливо, наведувајќи дека Техеран не седи со скрстени раце.

XS
SM
MD
LG