Британската влада и даде „зелено светло“ на премиерката Тереза Меј да и се приклучи на евентуалната воена акција на САД и Франција поради хемискиот напад во Сирија. Британската влада соопшти дека е согласна со потребата за преземање мерки за намалување на хуманитарните проблеми и за спречување на натамошна употреба на хемиско оружје во Сирија. САД, Франција и Британија разработуваат план на „воени удари“, јавува новинската агенција Асошитед прес.