Достапни линкови

Законот за јазици ги стави сите други теми во втор план


Архивска фотографија: Протест пред Собранието против законот за јазиците

Донесувањето на Законот за јазици и протестите пред домовите на пратениците од СДСМ се најкоментирани теми од нашите читатели.

Протести, протести... Сега пред домовите на пратениците од СДСМ, во Скопје, Велес, Прилеп... против изгласувањето на Законот за јазиците во Собранието. Мошне активната посетителка на нашата веб-страница, Динка Јованова, постирала по неколку пати под сите информации во врска со ова: „Излези, Фросе мори, вересијата да си ја платиш тригодишна“, или: „Нема балони со боја, не се плаши“, напишала Динка по нашата информација за протестите на група незадоволни граѓани пред куќата на пратеничката Фросина Ременски во скопската населба Бардовци. Миладинка Чочевска со коментарот како да ги прашува сите незадоволници што своето несогласување го изразуваат повредувајќи ја приватноста на своите сограѓани: „Зошто не одевте пред домовите на пратениците на ВМРО кога намерно тепаа млади момчиња и палеа по нарачка кафеани и автомобили... Во оваа држава живеат повеќе националности. Зарем вие сте луѓе, другите не?“

Протести во неделата имаше и пред Владата, а на веб-страницата на РСЕ порој од постови со непримерен јазик и, уште полошо, поделеност по етничка линија и меѓусебни пцости. Авди Авдија прашува: „Зошто сте толку националисти? Па и да сте, вашите навреди се ваша нискост, а ние чесните Албанци и Македонци ќе си го продолжиме заедничкиот живот бидејќи знаеме дека немаме друга алтернатива“. Самир Османи го постирал текстот на договорот што Груевски му го испратил на Ахмети на 29 јануари, кога по изборите не успеаја да се договорат за нова влада. Самир Османи потсетува дека Груевски се согласил за истите работи што ги регулира и новодонесениот Закон за јазици. Спорна точка на која не се согласил Груевски било продолжувањето на работата на СЈО.

По најавата на Мицкоски дека ќе продолжи со посета и средби со граѓаните низ Македонија, и дека Македонија назадува во секој поглед, Идаил Мустафоски постирал: „Со истата реторика како и претходниот“, Цвета Бошковска открива дека сега имало невидена корупција и дека оваа „Влада е најлоша досега“, а Ристе Апостолов коментира: „Најголемото зло пак сака да се врати на сцена со нови ликови“.

  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG