Достапни линкови

Протести пред домовите на пратеници на СДСМ за носењето на Законот за јазици


Илустрација: Протест пред Собрание против Закон за употреба на јазици.

Граѓани синоќа протестираа пред домовите на некои од пратениците на СДСМ, во врска со донесувањето на Законот за употреба на јазиците, јавија медиумите.

Според извештаите, синоќа протести се одржале во домот на пратеникот Далибор Богдановски во Сопиште, како и пред домот на пратеникот Диме Велковски, незадоволни од начинит на кои законот бил изгласан.

Пред домовите на пратениците имало и полициско обезбедување.

XS
SM
MD
LG