Достапни линкови

Вашингтон ја осуди офанзивата во Сирија поддржана од Русија и Иран


бунтовничката енклава источна Гута, предградие на Дамаск

Соединетите држави ја осудуваат офанзивата на режимот на Сирија врз бунтовничката енклава источна Гута, предградие на Дамаск која се води со „поддршка на Русија и Иран“, соопшти вчера Белата куќа. Во соопштението исто така се осудува Москва дека ја игнорира резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации од 24 февруари за 30 дневно примирје во Сирија. Сирискиот претседател Башар ал Асад предупреди дека офанзивата врз оваа енклава која почна пред две недели ќе продолжи.

XS
SM
MD
LG