Достапни линкови

Од Македонија зависи името за билатералните односи


Заменик - министерот за европски прашања во МНР на Чешка и државниот секретар во МНР на Словенија, Изток Мирошич.

Ова за РСЕ го изјави државниот секретар во словенечкото МНР, Изток Мирошич. Словенија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. Ако дојде до некои промени, Македонија ќе не извести за тие промени и ние така ќе направиме, Заменик министерот за европски прашања во чешкото МНР, Јакуб Дир очекува напредок во преговорите за името.

Од Македонија зависи кое име ќе го користи Словенија во билатералните односи доколку земјава во иднина го реши спорот за името со Грција, вели во разговор за Радио Слободна Европа, државниот секретар во словенечкото министерство за надворешни работи Изток Мирошич.

Според него, Словенија секогаш стоела со Македонија и и помагала на патот кон ЕУ и НАТО.

Словенија ја призна Македонија под нејзиното уставно име. Ако дојде до некои промени Македонија за тие промени ќе не извести и ние така ќе направиме. Значи зависи од Македонија како понатаму ќе се одвиваат работите“, вели Мирошич.

Мирошич: Македонија да ги оствари реформите на кои се обврзала
please wait

No media source currently available

0:00 0:04:15 0:00

Заменик министерот за европски прашања во чешкото министерство за надворешни работи, Јакуб Дир, кој заедно со Мирошич беше во посета на Македонија посочува дека неговата земја одблиску ги следи преговорите за името и изрази надеж дека дијалогот ќе донесе напредок.

Ние секако не може да ја коментираме актуелната состојба на преговорите, но ние дефинитивно би сакале да го видиме крајот на парализираната состојба, крајот на знакот стоп на патот на Македонија кон Европа. Затоа ние ви држиме и ви посакуваме среќа бидејќи ако не сега, кога“, истакнува Дир.

Мирошич смета дека работата на властите во последните неколку месеци во однос на евроатланските интеграции на внатрешен и надворешен план бил препознаен од ЕУ.

Дир: Крај за парализираната состојба на Македонија на патот кон ЕУ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:36 0:00

Првиот чекор, како што посочува, е препораката на Европската комисија за отворање на преговорите со Македонија, а потоа започнува вистинската работа.

„Тоа значи дека мора да се направат сите реформи за кои се обврзала. Значи да направи реформи во правосудството, јавната администрација, медиумите, демократските процеси. Тоа се оние работи кои ја приближуваат Македонија не само како држава, туку како општество на ист ранг со општествениот поредок во ЕУ. Потоа следат економските реформи, стапката на развој, бидејќи членството на ЕУ не е само за членството, туку за сопствената трансформација на општеството во современ облик на негово функционирање, особено борбата против организираниот криминал и корупцијата“, смета Мирошич.

И Дир посочува дека спроведувањето на реформите е од круцијално значење и тоа е најголемиот приоритет, при што е потребна суштинска промена на општеството.

„Домашната задача е јасна и реформите во многу области се пред вас. Ние секако и честитаме на Македонија за одличниот успех досега. Многу работа е направена и постигната, но сепак потребно е забрзување на процесот и уште повеќе работа, бидејќи патот е долг“, додава тој.

Неговата земја, како што наведува, го поддржува проширувањето на ЕУ и сака Македонија што побрзо да стане нејзина членка.

  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG