Достапни линкови

Европратениците ја поздравија Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан


Претседателот на ЕК Жан Клод Јункер во Европскиот парламент, Стразбур, 06.02.2018.

Членовите на Европскиот парламент го поздравија усвојувањето на Стратегијата за проширување на ЕУ за Западен Балкан, истакнувајќи дека за членство во Унијата на овие земји потребни се напори од двете страни. Пратениците сметаат дека без земјите од Западен Балкан нема ниту мир ниту стабилност во ЕУ. „Западен Балкан, опкружен со земји-членки на ЕУ, сега има јасен европски пат“, рече Франц Богович од Словенија. Поранешниот специјален претставник на ОН за Косово, пратеникот Едвард Кукан од Словачка, оцени дека проширувањето е од стратешки интерес за ЕУ, но забележа дека за тоа ќе бидат потребни напори од двете страни. Известувачот на ЕП за БиХ, Кристијан Дан Преда, Стратегијата ја гледа како можност да се потврди посветеноста на регионот на Западен Балкан и на земјите да им се понуди „веродостојна перспектива за проширување“. Тој сепак нагласи дека веродостојна перспектива за него значи „јасна временска рамка за сите земји, а не само на две земји“.

XS
SM
MD
LG