Ципрас бара истрага за скандалот со Новартис
Грчкиот премиер Алексис Ципрас го повика парламентот да ги испита политичарите за кои постои сомневање дека се вмешани во случајот со примање мито од швајцарската компанија за лекови „Новартис“. Тој притоа вети дека ќе преземе соодветни мерки доколку истрагата најде докази за таквото „неетичко однесување“.