Зошто дојде до привремено затворање на владата на САД?
Надежите за брзо усвојување на законот за задржување на функционирањето на владата на Соединетите држави исчезнаа откако републиканскиот сенатор Ранд Пол го искористи процедуралното право и го спречи гласањето. Со тоа дојде до привремено затворање на некои служби на американската влада.