Достапни линкови

Бибер - Нов мандат за Путин за нови тензии на Балканот


Министерот за надворешни работи Никола Димитров и Флоријан Бибер и професор на Универзитетот во Грац
Министерот за надворешни работи Никола Димитров и Флоријан Бибер и професор на Универзитетот во Грац

Руското влијание во регионот, а со тоа и во Македонија, ќе продолжи ако Владимир Путин добие уште еден претседателски мандат, оценува Флоријан Бибер, професор на Универзитетот во Грац.

Професорот на Универзитетот во Грац и директор на Центарот за Југоисточно-европски студии, Флоријан Бибер, вели дека Русија прави сè што може за да ја спречи евроатлантската интеграција на регионот и да ги забави реформите на локалните влади. Но, нагласува дека тоа се случува затоа што дел од Владите дозволуваат тоа да им се прави.

„Владите во регионот понекогаш го искористуваат руското влијание како оправдување, или како можност да ги намалат очекувањата од нив. Русија не е до тој степен посветена на овој регион, но најчесто ја користи слабоста на ЕУ и на НАТО, така што главен факт е дека ЕУ и НАТО станаа значително послаби со влијание во регионот, од аспект на ангажманите, и всушност Русија ги пополнува тие празнини“, вели професорот Бибер, во интервјуто за Радио Слободна Европа.

Бибер – Нов мандат за Путин, нови сопнувања на Балканот
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:56 0:00

Според него, доколку Путин остане на чело на Руската федерација, останува и старата политика.

„Ако останете на власт 20 години, не се ни очекува од вас да се промените. Така што, мислам дека авторитарната политика е единствената насока во која Владата на Путин се развива низ годините. Колку подолго е на власт, толку помалку остава простор за демократските принципи, а толку повеќе се труди да биде авторитарен. Така што, повеќе би бил загрижен за неговото подолго останување на власт, што уште повеќе би ја зголемило неговата авторитарност и би станал уште поголем противник на Западот, затоа што му е потребна тензија за да остане на власт“, анализира Бибер.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:35 0:00
Директен линк

Сето тоа, предупредува австрискиот професор, е негативно за Балканот, затоа што би значело и зголемување на тензиите, иако, како што вели, Русија нема конкретна стратегија за Балканот, туку она што го прави е обид да се запрат евроатлантските интеграции во кој било случај и дека на Путин му е најлесно да го направи тоа токму на Балканот.

Професорот Бибер смета дека за да не бидат спречени регионалните влади, и конкретно македонската Влада, на патот кон ЕУ и НАТО, тие треба да ги направат зацртаните реформи.

Во случајот на Македонија, едно од тие клучни прашања е и спорот за името со Грција.

Според Бибер, во македонската евроинтеграција има два момента – едниот е ЕУ да види конкретни резултати од реформското работење на новата Влада, а другиот се меѓународните односи, чиј дел е и спорот со Грција за името.

„ЕУ има попозитивно мислење за Владата во Македонија. Но, на крајот на денот, тука е Грција која може да стави вето како членка на Унијата и на НАТО на тој прогрес, што не сакаме да се случи. Затоа, македонската влада треба ветувањата за реформи да ги преточи во акција и да има напредок во прашањето за името“, нагласува Бибер.

please wait

No media source currently available

0:00 0:00:21 0:00
Директен линк

Тој додава дека ако има напредок по овие две прашања, тогаш Македонија може да ги стаса Црна Гора и Србија на патот кон Унијата и никој во ЕУ нема да може да ја запре да оди напред многу брзо.

XS
SM
MD
LG