Достапни линкови

Путин ја почна кампањата за претседателските избори


Русија-претседателот Владимир Путин ја почна кампањата за претседателските избори

Рускиот претседател Владимир Путин денеска ја почна изборната кампања за следните претседателски избори што треба да се одржат во март 2018 година, со барања за заштита на руската слобода и стабилност, посочувајќи дека земјата треба да се отргне од влијанието од надвор и обидите на домашната опозиција за протресување на политиката. Тој ова го кажа додека зборуваше пред група поддржувачи ден по официјалниот почеток на кампањата за изборите што треба да се одржат на 18 март. Тој рече дека од распадот на Советскиот сојуз слушале многу убави говори но никој не им помогнал. Путин нагласи дека пред 18 години, кога ја преземал земјата била на колена и дека во 2000 година многумина предвидувале колапс и смрт за Русија.


XS
SM
MD
LG