Достапни линкови

Авганистан: Убиен лидер на Ал-Каеда во операција со коалициските сили


Архива - Припадници на авганистанската армија.

Авганистанските власти соопштија дека убиле десетици претставници на Ал-Каеда за време на операција во источен и југоисточен Авганистан, вклучувајќи го и високиот лидер Омар Хетаб.

Националната дирекција за безбедност во денешно соопштение наведе дека околу 80 припадници на екстремистичката Исламска група се убиени и 27 други се уапсени во заедничка операција со коалициските сили предводени од НАТО. Не се дадени датуми кога операциите биле извршени.

Авганистанската разузнавачка агенција исто така додаде дека нивните сили уништиле пет бази на Ал-Каеда во јужната провинција Забул и во источните провинции Газни и Пактија.

XS
SM
MD
LG