Достапни линкови

Времето денеска: облачно со врнежи од снег


Македонија денеска ќе биде под влијание на студен и влажен бран од северозапад, така што времето ќе биде облачно, студено и ветовито со врнежи од дожд. На повисоките места и на планините ќе врне снег. Попладне постепено врнежите се очекува насекаде да поминат во снег и на повеќето места ќе се формира снежна покривка. Пообилни врнежи ќе има особено во источните и североисточните делови каде локално можно е да наврнат над 10 сантиметри снег. Температурата ќе се движи од 0 до 9 степени.

XS
SM
MD
LG