Достапни линкови

Дачиќ: Пацоли е „малку нервозен“


Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ смета дека косовскиот министер за надворешни работи Беџет Пацоли бил „малку нервозен“, бидејќи ситуацијата не се одвивала според неговиот план. Пацоли претходно на Фејсбук напиша дека изјавата на Дачиќ оти ќе го уништи признавањето на Косово е резултат на политиката што ја претставува Дачиќ, „политика на уништување и уривање“. „Ние не сме виновни за целиот свет кој им се противи на Дачиќ и на српската политика“, пишува Пацоли. На ова Дачиќ одговори „Го разбирам, не им оди како што планираа, како им ветија и како платија. Затоа искажуваат глупости и лаги, дека јас сум рекол оти ќе го уништам признавањето на Косово“.

XS
SM
MD
LG