Достапни линкови

Владиката Агатангел со спротивен став од Синодот на МПЦ-ОА за писмото до БПЦ


Митрополитот Повардарски г. Агатангел

Митрополитот Повардарски г. Агатангел не се согласува со писмото што Синодот на МПЦ-ОА го испрати до Бугарската православна црква со кое бара од БПЦ да и биде црква-мајка и да ја признае автокефалноста на Македонската црква.

Во денешното соопштение од владиката Агатангел се наведува дека писмото е само уште едно продолжение од неодамнешниот договор за добрососедство кој го потпишаа македонската и бугарската влада.

„Овој договор во својата суштина наликува на повоен договор помеѓу победник и поразен. Сè уште не можам да разберам зошто ние без ниту една причина ја прифативме улогата на поразена страна“, наведува митрополитот Повардарски Агатангел.

Тој вели дека неговата вознемиреност и несогласувања со писмото до БПЦ се поттикнати од фактот дека „живееме во време кога интензивно се работи на решавање на т.н. „македонско прашање“ кое, како краен резултат треба да избрише сè што е македонско од нашите сеќавања“.

Тој го оценува барањето на Синодот на МПЦ-ОА до БПЦ како брзоплето и наивно и оти ќе доведе до национално понижување.

XS
SM
MD
LG