Достапни линкови

Шпанија и достави на Белгија информации за условите за затвор за Пучдемон


Архивска фотографија-сменетиот каталонски лидер Карлес Пучдемон

Шпанските власти му доставија на белгиското обвинителство информации за деталите поврзани со условите за затвор за сменетиот лидер на Каталонија Карлес Пучдемон поврзани со барањето за негова екстрадиција во Шпанија. Министерството за внатрешни работи го пратило документот со одговорите на 14 прашања на белгиското обвинителство. Прашањата се однесуваат на условите во затвор, како хигиената и храната во случај на Пучдемон и уште четирите члена на неговата влада, кои се во Брисел. Во документот, како што јавуваат агенциите, се наведува дека каталонскиот лидер ќе биде пратен во модерен затвор во близина на Мадрид каде што би имал своја келија, туш и тоалет, а сите би имале можност да бидат посетувани од адвокат.

XS
SM
MD
LG