Достапни линкови

Во комбинатот „Фени“ отворена постапка за стечај


Зградата во која е сместен Централен регистар

Комбинатот Фени индустри“ доби општа забрана за располагање со имотот откако утрово Централниот регистар постапувајќи по пријава од Основниот суд во Велес објави дека е отворена постапка за стечај. За привремен стечаен управник е назначен Мирослав Атанасиевски од Гостивар, а рочиштето за испитување на условите за отворање стечајна постапка е закажано за 13 ноември во Основниот суд во Велес.

Покрај општата забрана за располагање со имотот определени се и мерки за забрана за одредување или спроведување на присилното извршување или обезбедување против должникот, се забрануваат и исплати од сметката на должникот, и се задолжува привремениот стечаен управник да го го заштити имотот на должникот со сите соодветни средства, сè до донесување одлука за отворање стечајна постапка. Централниот регистар ги повика должниците на „Фени“ без одлагање да ги исполнат своите обврски кон должникот.

„Се задолжува должникот да му овозможи на привремениот стечаен управник да влезе во неговите деловни простории за да може да ги спроведе потребните дејствија, како и да му допушти увид во трговските книги и неговата деловна документација“ стои во објавата на Централниот регистар.

Вработените во „Фени“ најавуваат штрајкови поради стечајна постапка.

Стечајот го иницираа Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје на кои „Фени“ им должи 40 милиони евра, а има и долг кон други доверители од дополнителни 20.000 евра. Банките тврдат дека „Фени“ не е продадена на бугарскиот „Енекод“ бидејќи продажбата не може да се реализира без нивна согласност како најголеми кредитори.


XS
SM
MD
LG