Достапни линкови

Ајнхорст: ЕУ има најголемо влијание на Балканот


Директорката за Западен Балкан во Европската служба за надворешни рабори, Ангелина Ајнхорст смета дека и покрај врските и интересите кои ги имаат други земји на Балканот, ЕУ има најголемо влијаниe во регионот.

“Гледајќи низ ЕУ перспектива, Унијата има најголемо влијание на Балканот, најдобри механизми, најдобра политика и најдобри начини да оствари конкретни резултати,” истакна Ајнхорст на конференцијата посветена на проширувањето на ЕУ со Западен Балкан, организирана во Центарот за проучување на европската политика (ЦЕПС) во Брисел.

Таа констатира дека Русија има традиционално вековни врски и интереси за регионот на Западен Балкан, како што има и Турција и некои други земји. Брисел неколку пати во последните години укажуваше на „мешање“ на надворешни играчи, на прво место Русија, во ситуацијата на Западен Балкан, но и пошироко во регионот на Југоисточна Европа, па и цела ЕУ.

XS
SM
MD
LG