Достапни линкови

Времето и денеска сончево и топло, заладување од утре


Илустрација

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од западен и северозападен правец, а кон крајот на денот ќе го промени правецот од југозападен. Утринската темепратура ќе се движи од 1 до 9 степени Целзиусови, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 20 до 27 степени. Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Температурите од 4 до 25 степени. Во наредните денови под влијание на влажен и студен воздушен бран од понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни.

XS
SM
MD
LG