Достапни линкови

Помпео: Северна Кореја го усовршува нуклеарното оружје


Директорот на ЦИА Мајк Помпео

Директорот на американската Централно разузнавачка агенција ЦИА Мајк Помпео оцени дека Северна Кореја во наредните неколку месеци ќе ги усоврши можностите на нејзиното нуклеарно оружје. Во говорот на националниот безбедносен форум во Вашингтон, Помпео рече дека е значајно тоа што Соединетите држави и сојузниците успеале, како што наведе, да ги запрат нуклеарните амбиции на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг Ун. Помпео додаде дека Соединетите држави би требало да постапуваат во согласност со уверувањето дека Северна Кореја е во состојба да изведе нуклеарен напад.

XS
SM
MD
LG