Достапни линкови

Три илјади полицајци ја обезбедуваат посетата на Ердоган на Србија


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој денеска пристигнува на дводневна официјална посета на Србија, заедно со својата голема делегација, составена од 185 бизнисмени и осум турски министри, ќе биде штитен од најмалку 50 лични телохранители.

За време на посетата во Србија за турскиот претседател ќе се грижат и 3.000 српски полицајци.

Анкара пред десетина денови испрати стручни лица во Србија, со цел да ги проверат сите локации, каде ќе помине турскиот претседател.

XS
SM
MD
LG