Достапни линкови

„Бела ноќ“ по 13 пат во Скопје


„Бела ноќ“ во Скопје.

Традиционалната манифестација „Бела ноќ“ ќе се одржи вечерва во Скопје по 13. пат. Во главниот град ќе се одржат концерти, изложби и перформанси.

Изложбата „Помеѓу ѕвездите и басните“ на Салвадор Дали ќе биде отворена во Галеријата на Младинскиот културен центар (МКЦ), а ќе бидат претставени вкупно 29 дела од овој уметник.

Во горното фоаје на кино „Фросина“ во МКЦ ќе биде поставена изложбата „Сексот и револуцијата“ на ликовната уметница Катерина Станковиќ – Бјеговиќ и историчарката Јелена Живковиќ.

На плоштадот „Македонија“ во 21 часот перформанс ќе има корејската трупа „Tago&АtoBIZ“, а на платото на МКЦ ќе настапат „Barbarisms“ и тетовскиот бенд „Conquering Lion“, како и италианското дуо „Ninos Du Brasil.“

Во Денсинг салата на МКЦ ќе настапат „I TPAME I TVRAME“ и „UJ PA GAZ“ од Албанија, „KANTON 6“ и Нино Наумов од Скопје.

Во џебното кино на МКЦ ќе настапи гитаристот Алекс Јонсон од Данска, а во рамки на 24-часовниот филмски маратон во кино „Милениум“ ќе се прикажува новиот филм „Кога денот немаше име“ на режисерката Теона Стругар Митевска.

Возењето во градските автобуси на ЈСП Скопје кои сообраќаат кон централното градско подрачје, од 19 часот до раните утрински часови, ќе биде бесплатно.

XS
SM
MD
LG