Достапни линкови

Киргистански опозициски политичар се соочува со казна од 10 години затвор


Омурбек Текебајев

Киргистанското обвинителство побара 10 годишна казна затвор за лидерот на опозицијата Омурбек Текебајев кој се товари за мито. За неговиот соработник, поранешниот министер за вонредни ситуации, Дуишонкул Чотонов обвинителството побара казна од 8 години. Според обвинителството, имотот на двајцата политичари треба да биде конфискуван и да им биде забрането вршење на владина функција три години по нивното ослободување.

Тие се обвинети за примање мито од милион долари од руски бизнисмен во 2010 година кога Текебајев беше вицепремиер. Двајцата негираат дека се виновни и дека случајот против нив е политички мотивиран.

XS
SM
MD
LG