Достапни линкови

Осуден екс министер во Србија за злоупотреба на власта


Белград

Во Србија е осуден на казна затвор од три ипол години Оливер Дулиќ поранешен министер за животна околина и урбан развој во претходната влада предводена од Демократската партија. Тој претходно беше прогласен за виновен бидејќи фаворизирал словенечка компанија за добивање лиценца за мрежа на оптички кабли. Двајца негови советници за истото дело се осудени на една и на три години затвор. Дулиќ ги отфрли обвинувањата наведувајќи дека на ваков начин сака да се уништи главниот политички опонент на српскиот режим.

XS
SM
MD
LG