Достапни линкови

Самит во Трст, ЕУ посветена на проширување на Балканот


Италијанскиот премиер Паоло Гентилони го отвори самитот ЕУ-Западен Балкан што денеска се одржува во северниот пристанишен град Трст. На самитот се очекува Европската комисија да објави нови финансиски средства за економскиот развој на регионот, додека балканските лидери се очекува да потпишат договор за интегрирање на нивните транспортни мрежи и да усвојат план за создавање регионална економска област. Блокот од 28 члена сака да покаже дека се уште е посветен на проширувањето на Балканот, иако официјалниот процес на проширување е во мирување од 2019 година. Во меѓувреме ЕУ се соочува со сопствени предизвици како што се британското напуштање на блокот и извештаите за растечкото влијание на Русија на Балканот

XS
SM
MD
LG