Трамп Јуниор: не му кажав на татко ми за средбата со руската адвокатка
Доналд Трамп Јуниор во интервју за телевизиската мрежа „Фокс њуз“ изјави дека на неговата средба со руската адвокатка Наталија Веселицкаја не му било понудено ништо корисно за претседателската кампања на неговиот татко и оти никогаш не му кажал за тоа. Претходно Трамп Јуниор објави мејл во кој се потврдува дека му била понудена „чувствителна информација“ за Клинтон.