Достапни линкови

ДУИ и Алијансата за Албанците ги објавија предлозите за заменици-министри


Претседателот на ДУИ на работна средба во седиштето на ДУИ во Тетово, го пречека лидерот на СДСМ, Зоран Заев. - Архива

Демократската унија за интеграција и Алијансата за Албанците ги објавија имињата на замениците - министри во новата Влада.

ДУИ ќе ги има заменичките места во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, финансии и за образование и наука, додека од Алијансата за Албанците заменици министри ќе има во министерствата за надворешни работи, транспорт и врски и труд и социјална политика.

За заменик-министер во Министерството за внатрешни работи е предложен Агим Нухиу, во Министерството за одбрана Беким Максути, во Министерството за финансии Ширете Елези, а заменик-министер за образование и наука ќе биде Висар Ганиу.

Од Алијансата за Албанците за заменик-министер за надворешни работи е предложена Арта Точи, за транспорт и врски Ремзи Мехмети и за труд и социјална политика Елми Азири.

Предлозите за заменици - министри треба да бидат разгледани и прифатени на владина седница по што следува нивна верификација на седница на Собранието на Република Македонија.

XS
SM
MD
LG