Достапни линкови

Експлозија во американската амбасада во Киев, нема информации за штети


Полиција пред американската амбасада во Киев

Украинските власти соопштија дека имало експлозија во комплексот на американската амбасада во Киев. Нема информации за жртви.

Полицијата соопшти дека експлозијата се случила околу полноќ. Од полицијата велат дека непознато лице фрлило експлозивна направа врз амбасадата и дека тие водат истрага за случајот.

Од Амбасадата соопштија дека не станува збор за терористички чин. Амбасадата продолжува нормално со активностите, не е предизвикана никаква штета, напишаа на Твитер од американската амбасада во Киев.

XS
SM
MD
LG