Достапни линкови

Нова рунда разговори за Сирија за 10 дена


Членовите на делегацијата на сириските бунтовници на разговорите во Астана на 4 мај

Наредната рунда мировни преговори за Сирија ќе се одржи на 12 и 13 јуни во главниот град на Казахстан, Астана, објавија руските новински агенции, повикувајќи се на сирискиот амбасадор во Москва, Риад Хадад. Сепак, опозицијата сè уште не одлучила дали ќе учествува, изјави претставник на опозициската Јахја ал-Ариди за ТАСС.

На крајот на претходната рунда разговори во Астана минатиот месец, Русија, Турција и Иран на 4 мај потпишаа меморандум со кој се повикува на воспоставување сигурни зони во Сирија, но дел од претставниците на сириската опозиција си заминаа во знак на протест. Со меморандумот се предвидува основање на четири „зони на деескалација. Дел од опозициската делегација си замина поради потпишувањето на меморандумот од страна на Иран. Техеран и Москва го поддржуваат сирискиот претседател Башар ал-Асад, а Турција ги поддржува бунтовниците.

XS
SM
MD
LG