Достапни линкови

Заев: Изборот на владата во конструктивна атмосфера


Мандатарот Зоран Заев

Мандатарот Зоран Заев непосредно пред изборот на новата влада даде отчет за програмата, а на почетокот се осврна на прашањето за името, најавувајќи дека дека решението ќе се носи во разговори со опозицијата и оти крајниот збор ќе го дадат граѓаните на референдум. Тој нагласи дека нивна цел е да најдат решение, а не да го блокираат процесот.

Тој рече дека тешко е да оди во опзиција оној кој има сериозни обвинувања за злоупотреби на власта.

Заев во својот говор реплицирање на сите пратеници кои изразија критики од собраниската говорница во текот на расправата. Според него изборот на владата поминал во конструктивна атмосфера. Тој рече дека за него сите министри се еднакви. Ако некој се обиде да влијае врз судија или обвинител подобро е сам да си поднесе оставка, рече Заев

Заев порача дека запонува ново време каде сплотеноста ќе биде императив.

Меѓу другото тој потенцираше дека проктите од претходната влада кои се добри, како што се изградбата на железницата, ќе продолжат да ги реализираат. На крајот од излагањето тој побара подршка и од сите партии за реформите.

Заев исто така вети дека новата влада ќе одржи лекција по економија во земјата

XS
SM
MD
LG