Достапни линкови

Заев и Ахмети разговарале за принципите, за министрите понатака


Архивска фотографија-претседателот на СДСМ Зоран Заев дава изјава откако го доби мандатот од претседателот Ѓорге Иванов

Теми за кои се разговарало на средбата на претседателот на СДСМ Зоран Заев и претседателот на ДУИ Али Ахмети биле принципите на соработка, реформската Влада и интеграциите во Европската Унија и во НАТО, информираат во краткото соопштение од СДСМ испратено по средбата која се одржа денеска во нивното партиско седиште.

„Во наредниот период ќе се интензивираат динамиката и разговорите помеѓу двете партии, вклучително и со партиите што дадоа поддршка за состав на новата Влада на Република Македонија, по што ќе се премине на конкретните решенија за ресорните министерства“, информираат од СДСМ.

На шести јуни истекуваат дваесетте дена од уставниот рок до кој мандатарот Зоран Заев треба да ја договори владината коалиција. Претходно тој најави дека очекува тоа да се случи пред истекот на уставниот рок.

XS
SM
MD
LG