Достапни линкови

Закани за Заев и Шеќеринска на денешниот протест „За заедничка Македонија“


Закани за Заев и Шеќеринска на денешниот протест „За заедничка Македонија“
please wait
Embed

No media source currently available

0:00 0:01:00 0:00

Закани за претседателот и за заменик претседателката на СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, на денешниот протест на иницијативата „За заедничка Македонија“. На еден од ретките транспаренти беше напишано „Ролка за Рада, машна за Заев“ со цртеж од неколку бесилки. Кога демонстрантите пристигнаа пред Собранието, редарите на протестот го отстранија транспарентот кој заврши потпрен на едно од дрвјата во паркот наспроти Собранието. За разлика од претходните протести, сега немаше транспаренти со пораки против Сорос и против странските дипломати. Неколку илјади граѓани по 71 излегоа на протести против таканаречената „Тиранска платформа“. Тие го скандираа името на претседателот Ѓорге Иванов. Велат дека претседателот Иванов е последниот бедем за одбрана на Уставот и го повикаа да не го дава мандатот на оние кои не се откажале од Тиранската платформа. Рекоа дека се оформува правен тим кој ќе состави сериозна тужба против, како што рекоа, предавниците.

Категории

XS
SM
MD
LG