Ураганот Метју на Хаити однесе најмалку 340 животи
Бројот на жртвите од ураганот Метју на Хаити се покачи на 340 луѓе, а спасувачките екипи за прв пат успеале да влезат во уништените крајбрежни градови. Се страхува дека таму повторно би можело да се појави смртоносната колера. Во меѓувреме, ураганот се движи на северозапад кон Соединетите држави.