Достапни линкови

Јајца, боја и графити за Триумфалната порта


Јајца, боја и графити за Триумфалната порта
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:31 0:00

Со извици „Еве ви го триумфот“, демонстрантите вечерва повторно фрлаа боја и јајца кон Триумфалната порта во центарот на Скопје, на која испишаа и графити. Демонстрантите потоа се упатија кај владата. Неколку илјади луѓе се излезени на улиците на Скопје во знак на протест против политичките помилувања од страна на претседателот Ѓорге Иванов. Тие бараат оставка од Иванов, одложување на изборите закажани за 5 јуни и формирање експерта влада која треба да го подготви теренот за фер избори. Протестот почна пред СЈО, па продолжи пред Собрането, за преку плоштадот граѓаните да се упатат кон владата. Полицијата ги обезбедува објектите, но не ги спречува луѓето да протестираат на улиците пред нив. Ова е петти ден протести во Скопје. За денеска се најавени протести и во Струмица и во Битола.

Категории

XS
SM
MD
LG