Достапни линкови

Критики за мерките на Обама за контрола на оружјето


Пол Рајан

Претседателот на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес Пол Рајан изјави дека едностраната мерка на претседателот Барак Обама да ја прошири проверката на купувачите на оружје сигурно ќе се најде на суд. Републиканецот Рајан изјави дека што и да направи Обама може да биде поништено кога републиканец во ноември годинава ќе биде избран за нов претседател на САД. Според него, Обама никогаш не го почитувал правото на сигурно и легално поседување на оружје. „Наместо да се фокусира врз криминалците и терористите, тој оди против граѓаните кои најмногу го почитуваат законот“, изјави Рајан.

XS
SM
MD
LG