Достапни линкови

Попречена поправката на далноводите кон Крим


Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков

Украинскиот министер за внатрешни работи Арсен Аваков изјави дека на само еден од четирите далноводи може денеска да му биде саниран дефектот. Аваков за време на интниот состанок на кабинетот информирал и дека евентуалното присуство на мини и закана од субверзивни напади ја попречува поправката на далноводите. Околу три четвртини од населението на Крим и натаму е без електрична енергија. И покрај тоа што Русија го анектира Крим во март минатата година, украинските власти го продолжија снабдувањето со енергија.

XS
SM
MD
LG