Достапни линкови

Вести

Реакции по ветото на Русија на резолуцијата за Сребреница

Амбасадорката на САД во ОН, Саманта Пауер го оквалификува денеска ветото на Русија врз британската резолуција за Сребреница како „уште една дамка на репутацијата на Советот за безбедност на ОН“.

„Да ја наречеме Сребреница со вистинско име - тоа беше геноцид. Тоа не би требало да го негираме“, изјави таа обраќајќи се во СБ и додаде дека е важно и „мозокот и командантот на геноцидот во Сребреница, Ратко Младиќ и Радован Караџиќ да бидат соодветно казнети во Хаг“.

„Во Сребреница се случи геноцид“, повтори таа наведувајќи дека тоа го утврдиле Хашкиот трибунал и Меѓународниот суд за правда.

Амбасадорот на Русија во Обединетите нации Александар Чуркин, кој стави вето на нацрт-британската резолуција за Сребреница, изјави денеска дека резолуцијата само би довела до зголемување на тензиите на Балканот.

Тој изјави дека усвојувањето на резолуцијата, бидејќи нема консензус за нејзината содржина, би било контрапродуктивно и би водело кон зголемување на тензиите во регионот.

Рускиот амбасадор додаде дека Русија се надева дека комеморацијата во Сребреница ќе биде искористена за поглед кон иднината, што Русија и и го пренела на мисијата на Велика Британија, земја која работеше на нацрт-резолуцијата.

Советот за безбедност на ОН не ја усвои резолуцијата за Сребреница, бидејќи Русија која е членка со право на вето, гласаше против резолуцијата. Четири членки на Советот за безбедност, Кина, Ангола, Венецуела и Нигерија гласаа воздржано, а другите десет членки гласаат „за“ резолуцијата.

види ги сите денешни вести

Утре средба Борел-Вучиќ во Кишињев

Жозеп Борел и Александар Вучиќ

Високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел, во четврток, на 1 јуни, во главниот град на Молдавија, Кишињев, ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дознава Радио Слободна Европа.

Во четврток во Кишињев се одржува самитот на Европската политичка унија, а на маргините на оваа средба ќе се одржи и средбата меѓу Борел и Вучиќ.

Денеска пак во Братислава, Борел се сретна со премиерот на Косово, Албин Курти. По разговорот, тој оцени дека ситуацијата на северот на Косово е „опасна и неодржлива“ и дека е потребна итна деескалација и решение преку дијалог.

Претходно беше најавено дека во Молдавија би можел да отпатува и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог Мирослав Лајчак, но според информациите, најверојатно, Лајчак ќе разговара со лидерите на Косово и Србија кога ќе ги посети Приштина и Белград во наредните денови.

Косовскиот премиер Албин Курти денеска даде кратко интервју за РСЕ во Братислава, по средбата со Борел и специјалниот претставник на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак.

На прашањето на РСЕ како помина средбата со европските претставници, косовскиот премиер рече дека „средбата била важна“.

Курти во Братислава изрази подготвеност почесто да се среќава со српскиот претседател, но предупреди дека Александар Вучиќ не сака нормализација на односите.

„Имаме договор - само треба да го спроведеме. Претседателот на Србија вели ДА за договорот за да не го потпише, а сега се кае што кажа да“, рече Курти.

Од 26 мај на северот на Косово се зголемија тензиите, од тој ден новите лидери на Звечани, Лепосавиќ и Зубина Поток - сите Албанци, влегоа во општинските згради под придружба на косовската полиција.

Во судирите со српските демонстранти во Звечан на 29 мај, беа повредени 30 припадници на мисијата на НАТО на Косово, КФОР.

Изборите на 23 април беа бојкотирани од Српската листа и мнозинското српско население на северот, кои сега не ги прифаќаат резултатите, односно новите претседатели.

Во Германија ќе бидат затворени четири од петте руски конзулати

илустрација

Германија денеска објави дека и наредила на Русија да затвори четири од нејзините пет конзулати во државата како соодветна мерка откако Москва воведе ограничување на бројот на вработени во Германската амбасада.

Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Кристофер Бургер изјави дека по крајот на годината на Русија ќе и биде дозволено да ја задржи својата Амбасада во Берлин и уште еден Конзулат.

„Целта на мерката е да се постигне паритет во бројот на вработени и структурите на двете земји“, истакна Бургер.

Руската Влада неодамна соопшти дека до 350 претставници на германската држава, вклучително и оние кои работат во културните институти и училишта, би можеле да останат во земјата.

Амбасадорот Хил предупреди дека Приштина ќе ги сноси последиците

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил

Амбасадорот на Соединетите Држави во Србија, Кристофер Хил изјави дека Косово ќе ги сноси последиците поради постапките на Владата на Косово.

„Многу јасно и ставивме до знаење на Приштина дека сме апсолутно против потезите на владата на Курти. Секретарот Бликен исто така беше многу јасен дека тоа ќе има последици за односите со Приштина“, рече Хил во изјавата за новинарите во Белград.

Американскиот амбасадор предупреди дека не смее да се изгуби компасот и насоката на движење, наведувајќи дека тоа е бриселскиот дијалог, формирањето на Заедницата на општини со српско мнозинство и дека регионот треба да продолжи со евроинтеграциите.

Од 26 мај на северот на Косово се зголемија тензиите, а од тој ден новите лидери на Звечани, Лепосавиќ и Зубина Поток - сите Албанци, влегоа во општинските згради под придружба на косовската полиција.

Во екот на зголемените тензии на северот на Косово, српскиот претседател Александар Вучиќ издаде наредба да се подигне борбената готовност на српската армија на највисоко ниво.

Истиот ден, секретарот Блинкен рече дека одлуката на Владата на Косово насилно да влезе во општинските згради на север е донесена „против советите“ на САД и европските партнери и дека „непотребно ги ескалира тензиите“.

Американскиот амбасадор на Косово, Џефри Ховениер, изјави дека Владата на Косово не се координирала со САД за акциите преземени на северот и затоа ги претрпела првите последици - откажувањето на учеството во вежбите „Дифенд Европа 2023“.

На 29 мај, 30 членови на мисијата на НАТО на Косово, КФОР, беа повредени за време на судирите со српските демонстранти во Звечан.

Владата на Косово претходно ја бранеше својата одлука да ги одведе новите градоначалници во општинските згради, а го обвини Белград за „водење на екстремистичката толпа“ за насилството во Звечан.

Земјите од Квинтата (САД, Франција, Италија, Германија и Обединетото Кралство) изразија загриженост за локалните избори одржани на северот на Косово на 23 април и рекоа дека тие не претставуваат одржливо долгорочно политичко решение за вклучените општини, поради бојкотот на српската заедница.

Струјата ќе поскапи 13 проценти ако РКЕ ги прифати барањата од компаниите

претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

Цената на струјата би можела да се зголеми за 13 проценти доколку Регулаторната комисија за енергетика(РКЕ) ги прифати сите барања за цената на струјата, изјави за МИА претседателот на РКЕ Марко Бислимовски.

РКЕ во наредниот период ќе ги анализира барањата, а одлуката ќе ја соопшти околу 20 следниот месец.

Бислимовски соопшти дека Електродистрибуција има побарано зголемување на цената за дистрибуција од 32 проценти, МЕМО, операторот на пазарот на електрична енергија, од 83,3 проценти, а МЕПСО како оператор на преносниот систем од 53,51 процент.

„Доколку ги прифатиме сите овие барања тогаш би значело зголемување на цената на електрична енергија од 12,75 проценти, односно од 13 проценти. Ќе видиме дали е тоа прифатливо за нас или не. И претходно кажав не сум баш приврзаник за промени на цената на електричната енергија сега“, рече Бислимовски.

Барање нема доставено само ЕВН Хоум поради тоа што не знае која ќе биде цената по која ќе ја набави од ЕСМ, повластените производители и ако има потреба од слободниот пазар.

РКЕ ќе информира во наредните денови на што се темелат барањата за зголемување на цената, а како што вели Бислимовски, најверојатно е заради зголемени трошоци во работењето.

Прашан за влијанието на враќањето на стапката на ДДВ од 18 проценти во цената на струјата, повтори дека РКЕ носи одлуки без ДДВ и оти ќе се задржи на делот што го регулираат.

Борел: Ситуацијата во северно Косово е опасна

KOSOVO-SERBS/VIOLENCE

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел изјави дека моменталната ситуација на северот на Косово е опасна и нестабилна. Оваа изјава следува по неговата средба со албанскиот премиер Албин Курти во Братислава.

„Сегашната ситуација е опасна и нестабилна. Потребна ни е итна деескалација и решение преку дијалог, за да се вратиме на нашата работа за спроведување на договорот за објавување“, напиша Борел на Твитер, мислејќи на претходниот договор меѓу лидерите на Косово и Србија за нормализација на односите.


И претседателот на Франција, Емануел Макрон денеска предупреди на „одговорноста на косовските власти“ за влошувањето на ситуацијата во Косово, по судирите во кои се повредени 30 војници на НАТО.

„Очигледно е дека постои одговорност на косовските власти во сегашната ситуација и дека Договорот кој беше важен и беше потпишан пред само неколку недели не се почитува, истакна Макрон на прес-конференција во Братислава.

Тој ги обвинува косовските лидери за непочитување на Договорот, со кој заврши процесот започнат со европско посредништво, со посебно учество на чешките преговарачи, германскиот канцелар Олаф Шолц, високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и Макрон.

Најголемата српска партија на Косово соопшти дека ќе продолжи со протестите се додека не им бидат исполнети барањата. Меѓународната заедница повикува на смирување на тензиите, а од косовскиот премиер Албин Курти бара да се откаже од поставувањето градоначалници Албанци во општините со мнозинско српско население.

Ковачевски: Со Мицкоски ќе разговараме за поддршка за евроинтеграциите

Премиерот Димитар Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека на средбата со лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски ќе се разговара за две работи - за одлуките потребни за европската интеграција на државата и за добрососедските односи.

„Тоа е нешто што ќе го разговараме со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и со неговиот тим, бидејќи ќе биде средба на која што ќе присуствуваат тимовите и ќе треба да се изнајде начин практично од нивна страна да ја поддржат оваа одлука, бидејќи оваа одлука е практично глас за нашата интеграција во ЕУ и не смее и не може да биде предмет на дневно-политички калкулации или на добивање политички поени. Иднината на граѓаните, на сегашните и на идните генерации е далеку позначајна од кариерата на кој било политичар и треба да се надминат и личните и идеолошките разлики во делот на носењето на ваквите одлуки, бидејќи ова е обврска на сите политички партии и на сите пратеници во Собранието,“ истакна Ковачевски во изјава за МИА дадена по средбата со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

Ковачевски вели дека е рационален оптимист и дека верува во остварување на целта - членство во ЕУ.

Претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на партијата Христијан Мицкоски е подготвен да разговара со премиерот Ковачевски кога станува збор за националните и државни интерси, но тој бара да разговараат и за тоа што ќе се прави во периодот по неуспехот на уставните измени.

Работната група на 26 мај ја усвои Предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија. Предлогот ќе се достави до Владата која ќе треба да ја проследи иницијативата до Собранието каде ќе ги помине сите работни тела.

Косово бара акција на МОК против Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ

Косовскиот олимписки комитет побара од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да отвори дисциплинска постапка против српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ по неговата порака за Косово за време на турнирот во Ролан Гарос.

Од МОК засега не реагираат.

Истовремено, француската министерка за спорт денеска го оцени како непримерен, „милитантен и многу политички“ чинот на Ѓоковиќ по мечот на Ролан Гарос во Париз, во кој се наведува дека „Косово е срцето на Србија“.

По победата во првиот круг на Ролан Гарос, Ѓоковиќ на камерата ја напиша пораката „Косово е срцето на Србија, престанете со насилството“.

„Јас не сум политичар, но како Србин, тоа што се случува на Косово ме боли, нашите луѓе се избркани од општините. Ова е најмалку што можев да направам. Како јавна личност, чувствувам обврска да покажам поддршка за нашите народот и цела Србија. Мислам дека многу луѓе не знаат што носи иднината за Косово, но важно е да се покаже хармонија во вакви ситуации“, рече потоа Ѓоковиќ.

Претседателот на олимпискиот комитет на Косово, Исмет Красниќи изјави дека „Новак Ѓоковиќ уште еднаш ја промовираше српската националистичка пропаганда и го искористи спортот како платформа за тоа“.

Петнаесет години затвор за поранешните шефови на тајната полиција на Милошевиќ

Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ на судењето во Хаг на 13 јуни 2017 година.

Поранешните шефови на Службата за државна безбедност (СДБ) на Србија, Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ, се осудени на по 15 години затвор.

Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Хаг донесе правосилна пресуда со која ги прогласи за виновни за злосторствата во Бјелина, Зворник, Добој, Трново и Сански Мост.

Со ова дел од жалбата на Обвинителството беше прифатена.

На 30 јуни 2021 година, во повторен судски процес, Станишиќ и Симатовиќ првостепено беа осудени на по 12 години затвор за злосторства во Босански Шамац, за помагање и поттикнување на прогон, убиства, депортирање и присилно преселување на муслимани и Хрвати од овој мал град на северот на Босна и Херцеговина, во пролетта 1992 година.

Утврдено е дека злосторствата во таа општина ги извршила специјалната единица на српските сили „Црвени беретки“, која била под контрола на Станишиќ и Симатовиќ.

За време на изрекувањето на пресудата на Станишиќ и Симатовиќ, судот ги опиша злосторствата извршени на територијата на Босански Шамац, откако таа беше окупирана од српските сили, вклучително и паравоени формации, во април 1992 година.

Во жалбата против првостепената пресуда, изречена во повторената постапка, обвинителството побара Јовица Станишиќ и Франко Симатовиќ да бидат осудени за здружен злосторнички потфат во кој беа поранешниот претседател Слободан Милошевиќ и други високи функционери на Србија. вклучени.

Беше побарано и тие да бидат осудени за злосторства извршени, не само на територијата на Босна и Херцеговина, туку и во Хрватска, за време на војните во раните 1990-ти. Освен тоа, обвинителството побара поранешните шефови на СДБ на Србија да бидат осудени за злосторства во други општини во БиХ, за кои претходно беа ослободени, а не само за злосторствата во Босански Шамац.

Ставот на Обвинителството е Станишиќ и Симатовиќ да бидат осудени на многу подолга затворска казна.

Судењето на Станишиќ и Симатовиќ беше повторено, бидејќи апелационите судии во второстепената пресуда во првото судење го наведоа концептот на „конкретна насоченост“ во пресудата, што судот го нарече „измислица во меѓународното право“.

Во првото судење, Станишиќ и Симатовиќ беа ослободени со второстепена пресуда во 2013 година, по што судот нареди повторување на постапката. Постапката против Станишиќ и Симатовиќ беше последна во која судиите на Механизмот ја утврдија одговорноста на Србија за воените злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина. Тоа е и најдолгата постапка во Хашкиот трибунал.

Војската на Судан ги напушти преговорите за примирје

Суданскиот генерал Абдел Фатах ал-Бурхан стои меѓу војниците, на неоткриена локација, 30 мај 2023 година

Суданската војска го прекина учеството во разговорите за прекин на огнот со посредство на Соединетите Држави и Саудиска Арабија, обвинувајќи ги своите паравоени непријатели дека не ги почитуваат своите обврски.

Преговарачите во саудискиот град Џеда на Црвеното Море ги признаа повторените прекршувања на примирјето од двете страни, но досега се воздржуваа од наметнување какви било санкции со надеж дека ќе ги задржат завојуваните страни на преговарачка маса.

Армијата ги напушти разговорите „затоа што бунтовниците никогаш не спроведоа ниту една од одредбите на краткорочниот прекин на огнот што бараше нивно повлекување од болниците и станбените згради“, рече претставник на суданската влада, кој сакаше да остане анонимен.

Војската рече дека паравоените сили за брза поддршка (РСФ), исто така, „постојано го прекршувале прекинот на огнот“, додаде официјалниот претставник.

Американските и саудиските посредници доцна во понеделникот изјавија дека завојуваните страни се согласиле да го продолжат за пет дена хуманитарното примирје што често го прекршувале во текот на изминатата недела.

Медијаторите признаа дека примирјето е „несовршено почитувано“, но рекоа дека продолжувањето „ќе ги овозможи понатамошните хуманитарни напори“. Сепак, и покрај ветувањата на двете страни, борбите повторно се разгореа во вторникот и во поширокиот Картум и во западниот дел на Дарфур.

„Армијата е подготвена да се бори до победа“, рече началникот на армијата Абдел Фатах ал Бурхан за време на посетата на војниците во главниот град.

РСФ, предводена од поранешниот заменик на Бурхан, Мохамад Хамдан Дагл, соопшти дека „ќе го искористи своето право да се брани“ и ја обвини армијата за прекршување на примирјето.

Двете страни меѓусебно се обвинија за обид за преземање на власта на почетокот на конфликтот на 15 април. Договорот за прекин на огнот ги зголеми надежите за прекин на војната која протера речиси 1,1 милион луѓе од своите домови, вклучително и повеќе од 250.000 кои побегнаа во соседните земји, заканувајќи се да го дестабилизира тој регион.

Пендиков дојде во суд, но судењето се одложи

илустрација

Само што почна, судењето за претепувањето на Христијан Педников во Охридскиот суд, се одложи. Причина за одложување на рочиштето е новиот доказ против обвинетиот Илија Спасевски, кој охридското Обвинителство го достави до судот.

Одбраната побара повеќе време за проучување на доказот, но откако судијата тоа не го дозволи, адвокатите на обвинетиот ја напуштија салата, а судењето без нив не можеше да продолжи.

По излегувањето од судот, Пендиков се пожали оти имал повреди, но за различка од претходните тврдења дека се плаши да се врати во Македонија, сега изјави дека не се плаши.

„Лично да се плашам, не се плашам. Ама не е убаво чувството да добивате по 20-30 смртни закани со пцуење, на Фејсбук, месенџер, да се читаш во коментари“, изјави Пендиков.

Тој вчера даваше изјава и пред охридското Обвинителство кое води постапка и против битолчанец, а поради неговото натепување.

Адвокатот Димитрија Цобoски кој го брани обвинетиот Спасески рече дека судницата ја напуштил оти на некој начин и судот има притисок, со оглед дека не беше дадено одлагање на рочиштето иако беше доставен нов доказ кој бараа да го проучат. Новиот доказ се однесува на вештачењето на повредите на Пендиков.

На претходното рочиште Спасески се изјасни дека не се чувствува за виновен за претепувањето на Пендиков. Пендиков тогаш не присуствуваше на рочиштето, а неговиот адвокат рече дека поради здравствени причини не бил во можност да дојде.

Од Обвинителството соопштија дека на 19 јануари, осомничениот битолчанец, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле.

Пендиков дојде од Бугарија откако таму беше однесен со специјален авион на лекување. Во меѓувреме, доби и бугарско државјанство. Тој беше и секретар во бугарското здружение „Цар Борис III“ во Охрид.

Обвинителството поднесе обвинение против Илија Спасески, инаку наставник по професија, а уште едно лице кое учествало во тепачката и трето лице кое гледало и било сведок на настанот, не се достапани и за органите на прогонот.

САД: Дојде време Шведска да се приклучи во НАТО

илустрација

Американскиот државен секретар Антони Блинкен изјави дека „дојде време“ Турција да се откаже од своите приговори за членството на Шведска во НАТО.

Од друга страна, додаде дека и администрацијата на американскиот претседател смета дека Турција треба да добие борбени авиони Ф-16 „што е можно поскоро“.

Блинкен, исто така, рече дека администрацијата не ги гледа двете прашања како поврзани, но призна дека некои американски пратеници го права тоа.

Во понеделник, претседателот Џо Бајден индиректно ги поврза овие две прашања за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

„Разговарав со Ердоган и тој сè уште сака да работи на нешто со Ф-16. Му реков дека сакаме договор со Шведска. Па ајде да го направиме тоа“, рече Бајден.

И покрај тоа, Блинкен инсистира на тоа дека двата проблеми се различни. Сепак, тој истакна дека постигнувањето на двете драматично ќе ја зајакне европската безбедност.

„И двете се од витално значење, според нас, за европската безбедност. Сметаме дека и едните и другите треба да одат напред што е можно поскоро, значи да ја прифатиме Шведска и да го прошириме ширењето на пакетот Ф-16. Веруваме дека време е сега“, рече Блинкен.

Тој одби да предвиди кога Турција ќе даде одобрение за Унгарија, единствената друга членка на НАТО која сè уште го нема ратификувано членството на Шведска. Блинкен изрази надеж дека тоа ќе се случи до средбата на лидерите на Алијансата во Вилнус, Литванија, во јули на нивниот годишен самит.

Литванија повикува дополнителни сили на НАТО на границата

Литванскиот претседател Гитанас Науседа

Литванскиот претседател Гитанас Наузеда бара посилно присуство на НАТО на источното крило на Алијансата додека руската војна против Украина продолжува.

„Ова е линија на фронтот што треба да биде многу силна. Ни треба воздушна и ракетна одбрана и поголемо присуство на сојузничките сили во регионот“, рече Наузеда на 30 мај по состанокот со германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер во Вилнус.

„Долгорочната посветеност на Германија за безбедноста на Литванија е неопходна за целото источно крило на НАТО“, рече тој.

Во моментов, 760 германски војници припаѓаат на борбената единица на НАТО во Литванија, предводена од Германија.

Путин најави зголемена одбрана по нападот врз Москва со дронови

РУСИЈА -- Специјалист ја проверува оштетената фасада на повеќекатната станбена зграда по пријавен напад со дрон во Москва на 30 мај 2023 година.

Рускиот претседател Владимир Путин се огласи за нападот со дронови врз Москва. Тој ја обвини Украина за терористичка активност и тврди дека Киев го избрал „патот на заплашување на руските граѓани“.

Тој рече дека нападот со беспилотни летала врз Москва бил насочен кон „цивилни цели“ и дека воздушната одбрана на главниот град ќе биде зајакната. Тој рече дека таа се претставила задоволително, но дека „има работа да се заврши“.

Телеграмските канали известуваат дека имало повеќе од 10 дронови соборени во московскиот регион утрото на 30 мај, што Радио Слободна Европа (РСЕ) не може самостојно да го потврди.

Претставник на итните служби за РИА Новости изјави дека беспилотни летала погодиле две станбени згради во Москва. Информацијата не можеше да се потврди независно.

Рускиот пратеник Максим Иванов рече дека тоа е најсериозниот напад врз Москва од нацистичките напади за време на Втората светска војна, додавајќи дека ниту еден граѓанин сега не може да избега од она што е „нова реалност“.

Помошникот на претседателот на Украина, Михаило Подољак, сепак, негираше вмешаност на Киев.

„Што се однесува до нападите, секако дека сме задоволни што го гледаме тоа и предвидуваме зголемен број на такви напади. Но, се разбира, ние не сме вклучени во нив“, нагласи Подољак.

Москва беше нападната со беспилотни летала во вторникот, на 30 мај, а Министерството за одбрана соопшти дека сите биле уништени додека се приближувале до руската престолнина, а засега нема извештаи за жртви.

Московскиот градоначалник Сергеј Собјанин изјави дека две лица се повредени, од кои едното е хоспитализирано. Станарите од два станбени блока беа евакуирани, но подоцна вратени.

„Неколку згради претрпеа мала штета“ во нападот, објави Собјанин на Твитер, додавајќи дека никој не е сериозно повреден.

Русија истовремено започна нов бран напади со беспилотни летала врз Киев рано на 30 мај, при што загина најмалку едно лице, а неколку други беа ранети, соопштија украинските власти, додавајќи дека повеќето од беспилотните летала биле соборени од украинската противвоздушна одбрана.

Негативен природен прираст во првиот квартал од 2023 година

Илустрација

Бројот на живородените деца во првото тримесечје од 2023 година, во споредба со истиот период лани, е намален за 8.8 % и изнесува 3 656 живородени деца, соопшти Државниот завод за статистика.

Бројот на умрените лица, пак, во првото тримесечје од 2023 година бележи намалување од 29.5 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година и изнесува 5 233 лицa, а од нив пет се умрени доенчиња.

Природниот прираст е негативен - 1 577 лица што значи, за толку лица бројот на живородените деца е помал од бројот на умрените лица.

Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е намален за 2.9 % во споредба со истиот период од 2022 година и изнесува 2 396 бракови.

Во ова тримесечје се добиени 336 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 26.8 % во споредба со истото тримесечје од 2022 година

НАТО распоредува дополнителни сили на Косово

Косово

Како одговор на немирите на северот на Косово и ранувањето на 30 припадници на КФОР, Северноатлантската алијанса одлучи да ги ангажира резервните оперативни сили за Западен Балкан, кои беа во состојба на подготвеност за ангажман.

НАТО оваа одлука ја објави на Твитер.

Во понеделникот војниците на КФОР се судрија со српските демонстранти во Звечан, кои се противат на влегувањето на новите албански градоначалници во општинските згради.


Како што соопшти НАТО, донесена е одлука за зголемување на бројот на силите, за да може КФОР да гарантира безбедност, согласно својот мандат.

Адмирал Стјуарт Б. Мунш, командант на силите на НАТО во Неапол, ги пофали војниците на КФОР за нивната брза и воздржана реакција за да се спречат немири и да се спасат животи.

„Насилството мора да престане, а сите страни мора да избегнуваат акции кои го поткопуваат мирот во Косово“, рече Мунш.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG