Достапни линкови

Постои ли сила да се поттикне граѓанскиот активизам кај нас?


На пример во Хрватска, Бугарија и Романија грижата за развој и поддршка на граѓанското општество ја презеде државата формирајќи посебни фондови за поддршка преку кои се обезбедува силна финансиска поддршка за здруженијата, пишува Зоран Илиески од Коалицијата на младински организации СЕГА во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа.

Постои ли вистински граѓански активизам и вистинско граѓанско учество во нашево општество? Тоа е прашање кое често пати со мои колеги сме го разговарале и сме се убедувале со повеќе аргументи и ставови. Во пракса, барем досега, во повеќе наврати сведоци сме кога сакаме да окарактеризираме одредени настани во кои се вклучуваат поголема група на граѓани токму како граѓански активизам. Но, исто така семе сведоци кога одредени протести се затскриваат зад здруженија на граѓани па ги нарекуваат граѓански активизам, нанесувајќи им голема штета на здруженијата кои маки мачат да го подобрат имиџот кај граѓаните дека се непартиски, невладини и независни здруженија.

Прашањето дали постои капацитет во граѓанските организации да покренат одредени промени во општеството е исто така прашање на кое многу мои колеги би дале различен одговор.

Прашањето дали постои капацитет во граѓанските организации да покренат одредени промени во општеството е исто така прашање на кое многу мои колеги би дале различен одговор. Сметам дека постои потенцијал, капацитет во граѓанскиот сектор за да иницира промени, но за жал секогаш кога ќе увидат дека за тоа се потребни пари се откажуваат од намерите. Тука се судруваме со прашањето на активизмот на граѓанските организации и колку тие работат во интерес на своите целни групи, дали и без финансиски средства би ја одиграле истата улога на промотори или застапувачи за одредена промена или ќе продолжат да работат на проекти за кои има отворени повици за грантови.

Состојбата во која се затекна граѓанското општество во Македонија ни малку не наликува на ниедна од регионот, од земјите кои веќе се членки на ЕУ. Практиката на странските донатори да финансираат проектни активности за граѓанските здруженија ги направи истите да бидат проектно зависни, да не ја следат својата мисија и да не работат во интерес на својата целна група. Па така отсуството на поддршка за програмските определби на здруженијата нив ги оддалечи и од својата мисија, но и ги направи да бидат не одржливи на подолг рок.

Само за споредба, на пример во Хрватска, Бугарија и Романија грижата за развој и поддршка на граѓанското општество ја презеде државата формирајќи посебни фондови за поддршка преку кои се обезбедува силна финансиска поддршка за здруженијата. Дополнително кон ова, локалните власти во овие држави одвојуваат сериозни буџети за здруженијата и бесплатно отстапуваат на користење објекти на локалните здруженија на граѓани. Кај нас состојбата е сосема спротивна, странските донатори ги затворија своите програми и ја напуштија Македонија без да остават стратегија за понатамошна грижа за граѓанските здруженија, како и да не им беше воопшто грижа, барем за одржливоста на проектите кои тие ги финансираа. Од друга страна, тие и не седнаа со владините претставници за да им предложат план за понатамошна поддршка или, пак, да побараат од нив силно ветување дека грижата за развој на граѓанскиот сектор ќе ја превземаат тие. Па така денес пости само мала поддршка од државата и неколкуте позитивни примери на поддршка од локалните власти. Оваа состојба го прави граѓанскиот сектор толку кревок, што скоро почнува секој ден да се бори за да преживее. Од тука произлегува и состојбата во која се става под знак прашалник „постои ли сè уште сила за да се поттикне граѓанскиот активизам кај нас“???

Само за споредба, на пример во Хрватска, Бугарија и Романија грижата за развој и поддршка на граѓанското општество ја презеде државата формирајќи посебни фондови за поддршка преку кои се обезбедува силна финансиска поддршка за здруженијата.

Кон оваа состојба треба и да се наведат и актуелните промени кои настанаа со измените во закон за работни односи. Имено, поради недостатокот на стабилни финансии скоро и 90 отсто од регистрираните здруженија на граѓани немаат можност да обезбедат стабилни извори на финансирања, што ги тера истите да немаат ниту еден вработен. Па така, проектно ангажираните својот надомест го примаат како ангажман со авторски договор и договор на дело. Новите измени на законот за работни односи скоро и ќе ги уништи малите граѓански организации, токму оние кои се формирале заради поголем граѓански активизам и развој на локалната заедница.

Недостигот од финансии од една страна и задолжителното плаќање на пензиско и здравствено осигурување на хонорарците од друга страна, ќе влијае на неможноста од ангажирање на млади потенцијали кои имаа можност за здобивање на искуство и знаења, но и ќе ги оневозможи малите здруженија да спроведуваат активности. Па затоа сметам дека под итно треба да се преиспита мерката или членот 252 од законот за работни односи, кој битно негативно ќе влијае на граѓанските организации, намалувајќи ја можноста од хонорарно ангажирање но и давање на експертиза од граѓанските организации, што силно ќе влијае во развојот на општеството.

Граѓанските организации се место за собирање на мислења, погледи и потреби од граѓаните. Тие се мост за пренесување на овие потреби до институциите, кои задолжително треба да ги консултираат при носењето на закони/одлуки. Но, исто така тие треба да обезбедат и сериозна финансиска и институционална поддршка, преку која силно ќе го поттикнуваат активното граѓанство. Ако немаме граѓанско општество нема развојот на државата да се движи во правилна насока, нема слобода на изразување, нема независни мислења, нема демократија која што во последниов период е особено кршлива и бара внимание од сите чинители на општеството.

XS
SM
MD
LG