Достапни линкови

Национален штрајк во Турција организиран од Синдикатите


Таксим
Пет турски синдикати започнаа национален штрајк денеска против премиерот Реџеп Таип Ердоган поради насилието врз анти владините демонстранти.
Доктори, инженери и стоматолози штрајкуваат во знак на незадоволство од исфрлањето на демонстрантите од паркот Гези во Истамбул.
Зелената површина во центарот на градот веќе две недели е епицентар на протести против актуелната власт во земјата.
Ноќеска имало неколку судири на демонстрантите со полицијата.
XS
SM
MD
LG