Достапни линкови

Вести

Нетанјаху:Директни преговори со Палестинците се единствено решение

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави денеска дека дирекни преговори се единствен начин за да се постигне мир во Блискиот Исток . Тој додаде дека палестинскиот обид за обезбедат признавање од Обединетите Нации нема да успее. Нетанјаху ова го изјави по средбата со американскиот претседател Барак Обама пред почетокот на седницата на Генералното Собрание на Обединетите Нации во Њујорк.

види ги сите денешни вести

Харадинај бара дијалог со Србите за враќање во институциите

Рамуш Харадинај

Опозициската Алијанса за иднината на Косово (ААК) денеска побара од државното раководство да започне дијалог со косовските Срби за нивно враќање на работните места, откако на почетокот на месецов поднесоа оставки поради проблемите со регистерските таблички. Лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, претставувајќи во Собранието резолуција за состојбата во земјата по тензиите поради табличките, предложи и да се побара неколкудневен самит во САД, што би требало да резултира со меѓусебно признавање на Косово и Србија.

Курти- Време е за големи чекори во разговорите за нормализација со Србија

„Политичката и безбедносната ситуација во Косово е една од најтешките во овие 23 години. За жал и дејствијата на институциите не беа соодветни на создадената ситуација. Премиерот наместо да ги прифати барањата на меѓународните институции, започна со имплементација на одлуката во фази, со што ѝ даде на Србија можност да се прогласи за жртва“, рече Харадинај. Лидерот на ААК и поранешен премиер на Косово ги обвини институциите дека состојбата во северно Косово не ја истретираа сериозно врз основа на настанатиот ризик.

Полскиот премиер апелира до сојузниците да почнат да ја штитат западна Украина

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки

Полскиот премиер Матеуш Моравјецки денеска апелираше до сојузниците во НАТО да помогнат во заштитата на воздушниот простор, пред се над западна Украина, со испраќање системи за противвоздушна одбрана, како што е американскиот систем Патриот.„Би сакал да ги охрабрам, да ги охрабрам нашите партнери од Запад да помогнат во заштитата на украинското небо. Ова во исто време е заштита на полското небо. Колку подобро е заштитено украинското небо, толку подобро е заштитена полската земја“, рече Моравјецки на прес-конференција.

Полска предлага дополнителни системи „Патриот“ на границата со Украина

Полскиот премиер изрази надеж дека Украина сепак може да го добие американскиот систем за противвоздушна одбрана Патриот, иако германската канцеларка повтори дека понудата на Берлин, која полските власти се обидоа да ја пренасочат кон Украина, сè уште е валидна, но да биде распоредена во Полска. „Ќе разговараме со Германците за деталите. Ќе разговараме и со НАТО и со Американците за распоредувањето на Патриот“, рече Моравјецки. Полскиот заменик-министер за одбрана Војчех Скуркиевич претходно денеска ги „пресече“ дискусиите и сомнежите за германскиот предлог за помош на полските воздухопловни сили и одбивањето на Варшава и бара Патриот да биде испратен на запад од Украина.

ЕУ го одобри преговарачкиот мандат за визна либерализација за Косово

Луѓе пред Центарот за аплицирање за визи во Приштина

Амбасадорите на земјите-членки на Европската унија денеска го договорија преговарачкиот мандат на Советот на ЕУ за регулативата за безвизно патување за имателите на пасоши издадени од Косово. Според најавата од ЕУ, врз основа на овој мандат, чешкото претседателство ќе ги започне преговорите со Европскиот парламент. Јан Липевски, министер за надворешни работи на Чешка, чија земја претседава со Европската Унија, изјави дека денешната одлука претставува важен чекор кон безвизно патување за Косово.

Земјите на ЕУ договорија текст за визна либерализација за Косово

„Се надеваме дека брзо ќе постигнеме договор со Европскиот парламент за да го направиме ова ветување реалност. Визната либерализација е овозможена со напорите на Косово да ја зајакне граничната контрола, управувањето со миграцијата и безбедноста, и веруваме дека оваа добра соработка само ќе стане посилна во иднината“, рече тој. Според ставот на Советот на ЕУ, ослободувањето од визниот режим ќе се применува од датумот на отпочнување на Европскиот систем за информации и овластувања за патување, а во секој случај најдоцна до 1 јануари 2024 година.

Фон Дер Лајен предлага план за конфискација на замрзнати руски имоти

Урсула фон дер Лајен

Европската комисија денеска предложи план за конфискација на руските средства што се замрзнати по неиспровоцираната инвазија на Москва врз Украина и формирање суд за руските воени злосторства. „Блокиравме 300 милијарди евра од резервите на руската централна банка и замрзнавме 19 милијарди евра на руските олигарси“, наведува во соопштението претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен, додавајќи дека ЕУ и нејзините партнери би можеле да управуваат со средствата и да ги инвестираат на краток рок, при што приходите ќе одат во Украина со цел да се надоместат штетите предизвикани од руската инвазија.

Во војната во Украина загинале повеќе од 8.300 цивили, велат обвинители

„Ќе работиме на меѓународен договор со нашите партнери за да го овозможиме ова. И заедно, можеме да најдеме правни начини да дојдеме до тоа“, вели таа. Фон дер Лајен, исто така, рече дека ЕУ предлага формирање на специјализиран суд, поддржан од Обединетите нации, „за истрага и гонење на руското злосторство за агресија“. „Ужасните злосторства на Русија нема да останат неказнети“, изјави таа.

Основачот на екстремно десничарската група прогласен за виновен за нападот на Капитол

Стјуарт Роудс

Основачот на ултрадесничарската група „Чувари на заклетвата“ Стјуарт Роудс е осуден за организирање заговор за поништување на победата на демократот Џо Бајден во претседателските избори во САД. Поротата во Вашингтон синоќа го прогласи Роудс за виновен во речиси двомесечното судење кое ги откри напорите на екстремно десничарската група по секоја цена да го задржи републиканецот Доналд Трамп во Белата куќа. Роудс беше ослободен од другите две точки од обвинението, кои се однесуваа на наводниот заговор. Роудс не влезе во американскиот Капитол на 6 јануари, но е обвинет дека водел заговор што започна непосредно по изборите во 2020 година за да започне вооружен бунт за да се запре трансферот на претседателската моќ.

Независна комисија за испитување на немирите во Капитол

Пресудата претставува важен чекор напред за американското Министерство за правда и најверојатно ќе го отвори патот за обвинителството за судења на други бунтовнички екстремисти. Пресудата најверојатно ќе ги охрабри истражителите чија работа се прошири надвор од истрагата за лицата кои ја нападнаа зградата на Конгресот. Тие ќе се фокусираат и на други лица поврзани со обидите на Трамп да ги поништи резултатите од претседателските избори во 2020 година. Немирите во зградата на Капитол, седиштето на американскиот Конгрес, избувнаа откако околу 2.000 поддржувачи на Доналд Трамп се собраа на 6 јануари 2021 година на протест за време на кој поранешниот претседател повтори неосновани тврдења дека претседателските избори биле обележани со нерегуларности и кражби - што го предизвика неговиот пораз. Притоа, пет лица загинаа, а 140 полицајци беа ранети.

Украинските сили одбиваат засилени руски напади

Украинските сили одбија нови руски воени напади на исток додека Москва ги напаѓа цивилните населби во централна и јужна Украина, гаѓајќи ја енергетската инфраструктура, соопштија воените и регионалните власти на 30 ноември. Пет лица загинаа во источниот регион Доњецк во гранатирање во текот на изминатиот ден, напиша гувернерот Павло Кириленко на Телеграма на 30 ноември. Во централниот регион Запорожје, руски ракети погодија место за дистрибуција на гас, според регионалниот гувернер Олександр Старук. „Во една од населбите во областа Запорожје, како резултат на проектил е оштетен пункт за дистрибуција на гас, што резултираше со пожар. Брзо беше ликвидиран, но три улици останаа без гас“, напиша Старук во телеграмата.

Германија ќе испрати над 350 генератори за електрична енергија во Украина

Русија започна бројни бранови напади врз електричната и топлинската инфраструктура на Украина од октомври, акт за кој Киев и неговите сојузници велат дека е намерна кампања за да им наштети на цивилите и е воено злосторство. Во Киев и неговата околина, милиони луѓе се мачеа да ги загреат своите домови поради падот на температурите и снегот. Претставник на електроенергетската компанија напиша на Фејсбук дека 985.500 луѓе во Киев се без струја.

Зеленски: Русите го гранатирале регионот Керсон 258 пати во изминатата недела

На линијата на фронтот, украинскиот Генералштаб на 30 ноември соопшти дека неговите сили одбиле шест руски напади во изминатите 24 часа во Доњецк и во соседниот регион Луганск. Војската соопшти дека руските трупи продолжуваат со нападите во правците Бахмут и Авдијивка, користејќи тенковски и артилериски оган. Во меѓувреме, руските сили немилосрдно го гранатираа десниот брег на реката Днепар и градот Керсон појужно. Претседателот Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање рече дека Украинците се бранат од обидите за руски напредок во повеќе региони.

Шведска, Финска и Турција постигнале напредок во членството во НАТО

министерски состанок на НАТО во Букурешт

Шведска и Финска постигнаа добар напредок кон договорот со Турција за прием на нордиските земји во НАТО, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром. „Имавме многу добра билатерална вчера меѓу Шведска, Финска и Турција и по овој состанок почувствував дека има напредок. Одиме напред“, им рече Билстром на новинарите при пристигнувањето на вториот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Букурешт.

НАТО ќе и помогне на Украина да ја обнови енергетската инфраструктура

Инаку, вчера НАТО вети дека „понатамошно ќе ја засили“ поддршката за Украина, вклучително и со обезбедување опрема за поправка на енергетската инфраструктура на земјата. Во декларацијата на министрите се осудуваат и руските „упорни и несовесни напади“ кои „лишуваат милиони Украинци од основните човечки услуги“. Русија ја напаѓа украинската инфраструктура за пренос на електрична енергија и греење од октомври во, како што велат Киев и нејзините сојузници, намерна кампања за да им наштети на цивилите.

Воени авиони на Кина и Русија влегле во зоната за воздушна одбрана на Јужна Кореја

Војската на Јужна Кореја соопшти дека активирала борбени авиони додека два кинески и шест руски воени авиони влегле во нејзината зона за воздушна одбрана во средата. Кинеските бомбардери Х-6 постојано влегувале и излегувале од корејската воздушна одбранбена идентификациска зона (КАДИЗ) во близина на јужниот и североисточниот брег на Јужна Кореја, соопшти Здружениот началник на Генералштабот на Сеул.

САД ги повикаа ОН да побараат одговорност од Северна Кореја за ракетните тестови

Тие повторно влегле во зоната неколку часа подоцна од Јапонското Море, познато во Кореја како Источно Море, на кои им се придружија руски воени авиони, вклучувајќи бомбардери ТУ-95 и борбени авиони СУ-35, соопшти JCS. Авионите не го нарушиле воздушниот простор на Јужна Кореја.

Тајани: Европа треба да го ограничи руското влијание на Балканот

италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани

Европа треба да го зголеми своето присуство на Западен Балкан за да го ограничи влијанието на Русија, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани пред вториот ден од состаноците на НАТО во Букурешт. „Стабилноста на Западен Балкан е важна за мирот. Треба да ги запреме Русите на Западен Балкан, ни треба повеќе Европа“, рече Тајани, додавајќи: „Треба да ги заштитиме сите земји од Западен Балкан и блиски до Украина, бидејќи во овој момент е важно да работиме заедно, важно е единството и тоа е силна порака до Русија“.

НАТО ќе и помогне на Украина да ја обнови енергетската инфраструктура

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека 30-члената алијанса денеска ќе разговара со Молдавија, Грузија и Босна и Херцеговина, земји „соочени со притисок од Русија“. „Ќе преземеме дополнителни чекори за да им помогнеме да ја заштитат својата независност и да ја зајакнеме нивната способност да се бранат“, рече тој, додавајќи дека во интерес на НАТО е да се обезбеди нивната безбедност.

Германија ќе испрати над 350 генератори за електрична енергија во Украина

Киев - шатори за загревање на граѓаните за време на недостиг на струја

Германија ќе и испорача повеќе од 350 генератори на електрична енергија на Украина, бидејќи енергетската инфраструктура на Украина е делумно уништена од руските напади, соопшти германската влада. Германскиот канцелар Олаф Шолц разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски на кого му вети дополнителна краткорочна поддршка“, изјави неименуван владин портпарол и додаде дека германската енергетска помош досега изнесува 56 милиони евра.


Украина со напори за целосно враќање на струјата, критики од Зеленски кон Кличко

Шолц „ја потврди постојаната поддршка на Германија за Украина, вклучително и во областа на воздушната одбрана и долгорочната реконструкција“, додаде портпаролот. На почетокот на октомври Русија започна кампања со ракетни напади врз енергетската инфраструктура на Украина. Според украинската влада, оштетена е 25 до 30 отсто од инфраструктурата.

Штајнмајер ја продолжува посетата на Северна Македонија

Стево Пендаровски и Франк-Валтер Штајнмаер, Скопје 29.11.2022.

Претседателот на Сојузна Република Германија Франк-Валтер Штајнмајер кој од вчера престојува во дводневна официјална посета на Северна Македонија денеска во Чифте амам ќе се сретне со филмската екипа на филмот „Медена земја“. Тој во попладневните часови ќе ги посети ветерниот парк во Богданци и германската компанија Дрекселмајер во Кавадарци. Вчера Штајнмајер кој е во прва посета на Република Северна Македонија разговараше со претседателот Стево Пендаровски и со премиерот Димитар Ковачевски, а се обрати и во Собранието.

Штајнмаер: За патот кон ЕУ вреди и следниот тежок чекор

Притоа тој порача дека Македонија се наоѓа пред една важна одлука дали преку претстојната промена на Уставот ќе го отвори патот за отворање на поглавјата во поединечни области како на пример економската политика или владеење на правото. „Мојата молба е – не ја губете долгогодишната цел, тоа што е стремеж 17 години, пристапувањето кон ЕУ. Сигурен сум – за патот кон Европа вреди и следниот тежок чекор“, рече Штајнмаер. Тој, денеска од Македонија заминува во посета на соседна Албанија.

Времето денеска: облачно со повремени локални врнежи

Облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Дневната температура ќе се движи од 2 до 9 степени. Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 6 степени.

Твитер ја укинува политиката за борба против дезинформации за ковид-19

Илустрација

Твитер ја укина политиката чија цел беше спречување на дезинформациите за ковид-19 на платформата.

Платформата со ова се става во ризик од потенцијален пораст на лажни тврдења во САД и насекаде низ светот, а во време кога има жестоки протести против ковид мерките во Кина.

Овој потег, исто така, доаѓа во услови на загриженост за способноста на Твитер да се бори со дезинформациите, откако компанијата под водство на новиот шеф, Илон Маск, отпушти околу половина од персоналот.

Не е јасно какви конкретни мерки Твитер има намера да отфрли. Компанијата не одговори на барањето на медиумите да сподели повеќе информации

На почетокот на 2020, Твитер спроведе голем број мерки, вклучувајќи етикети и предупредувачки пораки на твитови со спорни информации за здравствената криза и рамка за корисниците да ги отстранат твитовите кои даваат штетни и лажни тврдења за вакцините.

Илон Маск најави враќање на суспендираните профили на Твитер

Милијардерот Маск го презеде Твитер на 27 октомври, плаќајќи 44 милијарди долари за компанијата и брзо започна со серија промени. На 29 октомври, Маск рече дека ќе формира совет за умерени содржини со „многу различни гледишта“.

Белоруската опозиционерка Калесникава од затвор итно пренесена во болница

БЕЛОРУСИЈА -- Белоруската опозициска политичарка Марија Калесникава, обвинета за екстремизам и обид за незаконско преземање на власта, формира срце во лисици во кафезот на обвинетите додека присуствува на судското сослушување во Минск, 6 септември 2021 година

Марија Калесникава, една од водечките белоруски опозиционери, која беше осудена на 11 години затвор во септември 2021 година, беше префрлена во болница и моментално се лекува на одделот за интензивна нега.

Опозицискиот лидер Виктор Бабарика, на 29 ноември на Телеграм напиша дека Калесникава ден претходно била итно пренесена во болница .

Адвокатот на Калесникова, Владимир Пилчанка изјави дека од болницата му потврдиле дека таа е таму на лекување, додавајќи дека не смее да ја види и дека чека официјален одговор на неговото писмо до Јавното обвинителство во кое бара да се види со својот клиент.

Останува нејасно зошто Калесникава е префрлена во болница и од што се лекува. Пред да биде итно пренесена во болница, Калесникава била во самица.

Пресуди за белоруските опозиционери Калесникава и Знак

Калесникава и уште еден опозиционер, Максим Знак, беа осудени на 6 септември 2021 година, на затворски казни од 11, односно 10 години, откако беа прогласени за виновни за заговор за преземање на власта, повикување на акција за да се наштети на националната безбедност и повикување за дејствија кои ја загрозуваат националната безбедност преку обид за создавање екстремистичка група.

И двајцата се изјаснија за невини и ги отфрлија обвиненијата. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен ја нарече „политички мотивирана“ пресудата.

Калесникава минатата година ја доби наградата за човекови права Вацлав Хавел, која секоја година ја доделува Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за „исклучителната“ акција на граѓанското општество во одбрана на човековите права.

Катар ја потврди смртта на стотици работници за време на подготовките за Светското првенство

Илустрација

Меѓу 400 и 500 сезонски работници ги загубија животите за време на работата на организацијата на Светското првенство во Катар, изјави во вторник, 28 ноември, катарски функционер вклучен во организацијата на првенството.

„Се проценува дека има околу 400, меѓу 400 и 500. Немам точни бројки, но дури и една смрт е премногу“, рече генералниот секретар на врховниот комитет за наследство на Катар, Хасан ал Тавади, јавија британските медиуми.

Врховниот комитет беше задолжен за изградба на стадионот и друга инфраструктура откако Катар ја доби организацијата нa шампионатот.

Според податоците на Комитетот, 37 смртни случаи не биле директно поврзани со работата, како што е срцев удар, додека три смртни случаи се случиле надвор од работното место.

Мундијалот во Катар меѓу контроверзите и квалитетниот фудбал

Гардијан, од друга страна, минатата година објави дека 6.500 работници мигранти од Јужна Азија загинале во Катар откако земјата го доби Светското првенство во 2010 година, и дека повеќето од загинатите работници биле вклучени во опасна работа за ниски плати, често на екстремна топлина. Но, тој извештај не ги поврза сите 6.500 смртни случаи со инфраструктурни проекти на Светското првенство.

Откако ФИФА му го додели турнирот на Катар во 2010 година, земјата презеде некои чекори за промена на практиките за вработување во земјата, но Катар се најде на удар на активисти за човекови права, кои тврдат дека сезонските работници работат во лоши услови на високи температури во пустината, се дискриминирани и имаат проблеми со платата и прекувремената работа.

За Светското првенство во Катар беа изградени стадиони, метро линии и инфраструктура во вредност од 200 милијарди долари.

Вчитај повеќе

Што треба да знаете

XS
SM
MD
LG