Бан Ки Мун е за проширување на СБ на ОН
Во ексклузивното интервју за Радио Слободна Европа генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун вели дека меѓу земјите членки на Обединетите нации постои заедничко мислење дека Советот за безбедност би требало да се реформира со оглед на значајните промени што се случија во последните шест децении.