Достапни линкови

Македонците не знаат што ќе донесе членството во ЕУ


Граѓани го прославуваат позитивниот извештај на ЕК за Македонија објавен во ноември
Граѓани го прославуваат позитивниот извештај на ЕК за Македонија објавен во ноември

Сакаат членство, но повеќето од македонските граѓани незнаат што ќе донесе влезот во Европската Унија. Едни замислуваат благосостојба, воспоставување ред и систем, додека други сметаат дека тоа ќе наметне низа обврски и ограничувања. Експертите, вината за недоволната едукација за значењето на членството во ЕУ, ја гледаат во образовниот систем, но и во политичарите.


Насмеани и љубезни службеници, возила што застануваат кога ќе се запали црвено светло на семафор и пешаци кои без страв ќе поминуваат на пешачки премин, културни луѓе кои не плукаат на улица кога се шетаат, чисти улици без дупки во асфалтот, подобри закони, подобри стандарди, поголема безбедност и повеќе права за работникот. Поголемиот дел од граѓаните вака си ја замислуваат европската иднина на Македонија.
Македонија во ЕУ, ЕУ во Македонија

„Ќе бидеме во таа линија на современи, развиени општества каде што ќе биде тоа пример за нас. Знаете, со кого се дружите таков сте.“

„Па, според мене тоа е перспективата за Македонија, за младите луѓе. Европа е сепак цивилизација, култура, стандард, закони.“
Ќе бидеме во таа линија на современи, развиени општества каде што ќе биде тоа пример за нас. Знаете, со кого се дружите таков сте.


„Мислам дека пред се треба да попримиме нешто од европскиот менталитет, тоа би било најприоритетно.“

„Мислам дека ќе има поголем проток на информации, поголем проток на движење, а сметам дека и економијата во тој случај ќе заживее. Отворени граници и припаѓање на едно европско семејство.“

Но, очекувањата одат и во негативен правец , дел од граѓаните сметаат дека нема да се сменат многу работите ако Македонија стане членка на Унијата.

„Ништо за нас не претставува, ако влеземе што ќе имаме придобвика од ЕУ, ништо.“

„Затвор ќе преставува влезот во ЕУ за Македонија. Ќе има многу ограничувања, се нешто треба да правиш. Немаш слобода.“
Мислам дека ќе има поголем проток на информации, поголем проток на движење, а сметам дека и економијата во тој случај ќе заживее.

„Во оваа ситуација, не знам што ќе преставува.“

Граѓаните не се информирани што би донело членството во ЕУ

Брисел - знамиња на Европската унија
Долго време домашна задача ни е влезот во Унија. Домашните политичари велат дека сме на исправниот пат, странските, пак, дека застрануваме од патот. Луѓето најчесто имаат лаички познавања, а оние кои имаат одредени познавања не секогаш кореспондираат со вистината. Со години наназад, можеби еден од најупотребуваните зборови е Европска унија и евроинтеграциите. Но, за Европската унија може да се каже дека тоа е поим за кој мислиш дека знаеш се, но кога треба да дадеш дефиниција, остануваш без зборови. За тоа што е Европска Унија сега се пишува во учебниците уште во основно образование, пишуваат медиумите, објаснуваат политичарите, но сепак луѓето велат дека значењето на Европската унија за нив се уште е „шпанско село“.

,,Не сум учел во школо ништо за ЕУ и можам да кажам дека таа фраза „Европска Унија“ е најспоменувана во медиумскиот простор, а најмалку конкретни и дирекни информации се достапни за нас.“

„Не сум информирана што ќе значи влезот во ЕУ за нас, секојдневно се збори, но не знам.“
Во одразот на таблата на Европската комисија во Скопје се гледаат демонстрантите што протестираат против промена на името

„Не знам, појма немам.“

„Мислам дека и нема кој да не информира.“

Слаб едукативен систем

Граѓаните не се виновни што не знаат што ќе донесе членството во ЕУ, за тоа виновни се пропустите во образовниот систем, како и
Затвор ќе преставува влезот во ЕУ за Македонија. Ќе има многу ограничувања, се нешто треба да правиш. Немаш слобода.
владата која не превзема ништо за подетално да ги информира, вели Фани Каранфилова Пановска од Институт отворено општество.

„Нашите студенти на Правниот факултет во Скопје, учат од брошурите што ги работат невладните организации и тоа им е основниот и главен извор на информации за да можат да го положат истпитот по европско право што е доказ дека на високо ниво нашите академски профили не се занимаваат со информација што ЕУ значи, дури и тогаш кога има испит на таа тема.“

Скопје - ЕУ инфо центар

Но, според Каранфилова-Пановска и оние малку информаци кои им се достапни на студентите, се неточни или не се релевантни.

„Ние сме во тек и следиме кој се материјалите што се ставаат на располагање на студентите на приватните факултети и не верувам дека скрипитите што ги работат и професорите на дражавните универзитети, многу се разликуваат. Во нив сите информации, голем дел од информациите се прво погрешни, не соодветствуваат на релевантноста што треба да ја имаат некои прашања се занимаваат со помалку важни прашања, наместо со основните политики и начинот на донесување на одлуки во ЕУ и кој се програмите што ЕУ ги има, а кон кои ние треба да се приближиме итн. Значи, едно ниво на катастрофални информации од кои нашата млада популација треба да се образува.“
Не сум информирана што ќе значи влезот во ЕУ за нас, секојдневно се збори, но не знам.

Политичарите се виновни за тоа што граѓаните се неправилно информирани за тоа што ќе донесе членството во европското семејство. А исто така се виновини и што со години наместо вистинско преставување креираат розова слика за евроинтеграциите, вели комуникологот Сеад Џигал.

„Има еден термин во лингвистиката по народна етимологија, значи тоа е еден вид на искривено претставување тие го претставуваат тоа и со тоа ги маскираат своите обврски, што треба тие да придонесат за да се развиваме на тој пат и што треба граѓаните да прават. За жал политичарите го поедноставуваат тоа и го маскираат со оглед на својата реална потреба и форма.“

А која е реалната форма?

„Граѓанската активност, реализирање на своите права, зголемување на нивото на очекувањата и од очекуваните политички претставници, економските субјекти, квалитетот на администрацијата.“

Наместо литература, политичарите ја креираат сликата за ЕУ


Дека политичарите се винови за заблудата дека кога земјата ќе влезе во ЕУ се ќе биде розево, се согласува и Лидија Димова од Македонскиот центар за европско образование.
Нашите студенти на Правниот факултет во Скопје, учат од брошурите што ги работат Невладните организации и тоа им е основниот и главен извор на информации за да можат да го положат истпитот по европско право.


,,Тоа е заблудата што народот ја има, поради злоупотребата од политичките партии, за време на избори полна ни е устата со ЕУ, а после тоа кога ќе дојдеме на власт, кога не ни одат работите, полна ние е устата повторно со обвинувања за ЕУ."

Нема се да се промени преку ноќ, членството во Унијата си носи и обврски и предизвици, вели Димова.


Лидија Димова и Фани Каранфилова-Пановска

„Патот до ЕУ ќе биде болен, значи граѓаните ќе почувствуваат криза, затоа што треба да се реформираме. Тие реформи подразбираат, дека државната администрација партизирана, таква каква што е сега и која служи само за лепење плакати, ќе треба да ја отпуштите, тоа не значи дека треба да го отпуштиш без да понудиш социјален пакет и без да најдеш „чаре“ за тие луѓе, е сега кога ќе ја отпуштите таа државна администрација ќе треба да имате дупло помала администрација која што дупло повеќе ќе треба да работи и која што ќе биде поспособна и патем ќе треба да знае три јазика, бидејќи помина времето кога не се зборуваа јазиците.“

Зошто Европска Унија? Како до таму? Што всушност преставува тоа? Кои се предизвиците и за граѓаните и за политичарите? А кои се придобивките? Прашања многу, а вратите на кои може да чукнете за да добиете одговор малку. Македонија веќе девет години патува кон Европа, во 2001-та ја потпиша спогодбата за стабилизација и асоцијација а минатата година доби препорака за датум за пристапни
Нереално е ако се очекува дека преку ноќ Макеоднија ќе ја заплисне некаков бран на благосостојба. Благосостојбата ќе зависи пред се од ангажманост, мобилноста на трудот, од вклученоста на нашите граѓани во областа на економијата.
преговори од Европската Комисија. До конечно пристапување има уште многу пат да се изоди - Македонија треба целосно да ги спроведе европските реформи и стандарди за да почне со преговори, па по завршетокот на преговорите кои ќе бидат составени од најмалку 35 поглавја да стане членка на Унијата. Половина столетие европската интеграција покажува дека Европската унија како целина е подобра од збирот на нејзините делови, таа има многу поголема економска, социјална, технолошк а трговска и политичка моќ, отколку поединечните напори на нејзините земји-членки. Дејствувањето како еден и говорењето со еден глас како Европска унија има додадена вредност.

Безбедност, мир, благосостојба... Очекувања од членството во ЕУ?

Мир и стабилност, обединета Европа, сигурност и безбедност, тоа се придобивките од една страна, ако на тоа се додаде и економската и социјална сигурност и дирекно учество во светската трговија, можноста за зачувување на иднтитетот и различноста, а сепак да се биде дел од едното, а од другата страна се обврските, откажувањата од своето за повисоки цели, напуштање на административните фотељи за да дојде поквалитетен кадар, исполнување на многу критериуми за да се воведе стабилност и економски развој.
Долгата транзиција, празните ветувања на политичарите, долгогодишната изолација, немаштијата, ја потикнуваат надежта кај лугето, дека кога земјата ќе стане членка на Унијата ќе завладее благосостојба, велат социолозите. Социологот Христо Карталов вели дека луѓето се надеваат дека со влезот во Европска унија многу работи ќе се променат, дека зачленувањето во меѓународните институции само по себе ги решава сите проблеми е само вовед во уште една заблуда.


„Нереално е ако се очекува дека преку ноќ Македонија ќе ја заплисне некаков бран на благосостојба. Благосостојбата ќе зависи пред се од ангажманост, мобилноста на трудот, од вклученоста на нашите граѓани во областа на економијата.“

Но, останува времето да покаже колку надежите биле реални, вели Карталов. Последното истражувањето на јавното мислење „Евробарометар“, кое се спроведува во земјите членки и кандидатки на ЕУ, покажува дека во Македонија расте позитивниот став и чувства кон членството во оваа организација. Околу 60 проценти од испитаниците во Македонија го сметаат членството во Европската унија за добра работа, што претставува благ пораст во однос на пролетта минатата година. Но, експертите велат дека во ситуација кога ние имаме висок процент тоа значи дека граѓаните членството во Европската унија го гледаат како бегање од реалноста.
  • 16x9 Image

    Зорана Гаџовска Спасовска

    Новинарската кариера ја започна во А1 телевизија. Работела на теми од образование, социјални проблеми, здравство и екологија. Родена е на 23.09.1983 година во Скопје. Од јуни 2009-та година работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG