Достапни линкови

Што ќе донесе средбата Груевски – Папандреу?


Груевки и Папандреу во Брисел
Груевки и Папандреу во Брисел

Официјално, двете страни изјавуваат дека ништо суштинско не треба да се очекува од утрешната премиерска средба. Сепак, аналитичарите гледаат простор за оптимизам.

Ништо суштинско не треба да се очекува од утрешната средба Груевски Папандреу од Брисел. Околу ваквата најава се движат пораките кои во очекување на средбата ги испраќаат двете страни во преговорите. Според експерите ваквото држење на Груевски и на
Што значи сето ова? Значи, дека Брисел може, врз основа на подобрувањето на дијалогот меѓу двете држави, што води кон кревање на односите меѓу двете земји, да даде едно решение кое ќе биде условено, датум за почеток на преговори, а до почнувањето на преговорите да се елиминираат и разликите околу името
Папандреду нема алтернатива по многуте години спорење, кави и омраза се толку многу антагонизирани што ги лимитираат условите за покажување на јавна конструктивност. Причини за оптимизам поради утрешната средба сепак има, и тој јасно постои во изјавите на дипломатите а се должи на тоа што самата средба е доволна порака до Европа поради сигналот што го испраќа дека добрососедските односи сепак се на ноиво на дијалог и во насока на подобрување, вели аналитичарот и поранешен министер за надворешни работи, Слободан Чашуле.

„Што значи сето ова? Значи, дека Брисел може, врз основа на подобрувањето на дијалогот меѓу двете држави, што води кон кревање на односите меѓу двете земји, да даде едно решение кое ќе биде условено, датум за почеток на преговори, а до почнувањето на преговорите да се елиминираат и разликите околу името.“

Според професорот Мерсел Биљали и самата утрешна средба е веројатно договорена со лобирање на меѓународната заедница и оттаму се очекува тоа што за почеток е доволно – тргнување на работите од мртвата точка.

„Еден знак за тргнување на работите од мртва точка, веројатно ќе има, дури можеби и повеќе од тоа, со што ќе и дадат поттик на работата.“

вели Биљали.

Од друга страна Папандеру и Груевски во моментов се наоѓаат во состојба која го оправдува загрижуавчкиот изглед во нивното држење – кој колку ќе биде изложен да отстапи а двете страни во моментов се трудат тие отстапки да бидат минимални. Пред нас се отвора крупен проблем, коментира Чашуле дали евентуалниот условен датум за преговори кој би ни го доделила унијата содржи отстапка која ние не можеме да ја направиме, а тоа е целосна промена на името, тогаш владата и целата држава би се нашла пред еден трауматичен избор зошто ако тоа не го прифатиме би значело целосно откажување од кандидатурата за ЕУ, вели Чашуле.

„Се плашам заради недобро маневрирање да не бидеме ставени да бираме меѓу членство, значи откажување на кандидатурата и промена на името, под услови кои не ни се прифатливи, затоа што во двата случаи губиме.“

вели Чашуле. Одмерувањето на силите започнува утре. И покрај скромните најави, очекувањата се големи дали утрешната средба ќе го донесе неоходниот фонд на дијалог меѓу двете страни којшто ќе биде доволен Унијата да ни го даде датумот за преговори?
XS
SM
MD
LG