Достапни линкови

Вести

Претседателот ја распушти владата на Јужна Осетијa

Претседателот на Јужна Осетија Едуард Кокоити ја распушти владата на премиерот Асланбек Булацев. Кокоити наведува здравствени причини за оставката на Булацев. Распуштањето на владата доаѓа во пресрет на 8 август – годишнина од руско-грузиската војна за Јужна Осетија. Во пресрет на годишнината од судирот се зголемуваат тензиите меѓу Русија и Грузија кои меѓусебно се обвинуваат за провокации.

види ги сите денешни вести

Путин: Mожна e натамошна размена на затвореници меѓу САД и Русија

Рускиот претседател Владимир Путин

Рускиот претседател Владимир Путин на 9 декември изјави дека е можна натамошна размена на затвореници меѓу САД и Русија и дека контактите меѓу разузнавачките служби на двете земји ќе продолжат.

Путин зборуваше на прес-конференција во Бишкек, Киргистан, еден ден откако САД и Русија го заменија рускиот трговец со оружје Виктор Бут за американската кошаркарка Бритни Гринер во размена на затвореници.

„Да, се е можно“, рече Путин. „Контактите продолжуваат. Всушност, тие никогаш не престанаа. Најден е компромис, не одбиваме да ја продолжиме оваа работа во иднина“, рече рускиот претседател.

Во меѓувреме, на 9 декември, авионот со американската кошаркарска ѕвезда Бритни Гринер слета во САД, откако таа беше ослободена во размена на затвореници по речиси 10 месеци поминати во затвор во Русија. Гринер била видена како излегува од авион во Тексас, пренесува новинската агенција АП.

Размена на затвореници меѓу САД и Русија

„Изминатите неколку месеци беа пекол за Гринер и целото нејзино семејство“, рече американскиот претседател Џо Бајден по ослободувањето на Гринер на 8 декември.

Двократната освојувачка на олимписко злато и шесткратен ол-стар на женската национална кошаркарска асоцијација на САД, 32 годишната Гринер беше уапсена откако полицијата соопшти дека во нејзинот багаж на аеродромот Шереметјево во Москва на 17 февруари пронашла масло од канабис, кое е забрането во Русија. Таа се враќала во Русија, каде што се натпреварува од 2014 година. На 4 август беше осудена на девет години во казнена колонија.

Наташа Габер-Демјановска реизбрана за директорка на Академијата за судии и јавни обвинители 

Наташа Габер-Демјановска директорка на Академијата за судии и јавни обвинители

Досегашната директорка на Академијата за судии и јавни обвинители, Наташа Габер-Демјановска е реизбрана за позицијата. За Габер-Демјановска гласале осум членови на денешната седница на Управниот одбор на Академијата, додека еден гласал воздржано.

Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати.

Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година.

Дали „странско тело“ ќе го оправи македонското судство?

Директорскиот мандат во Академијата е 4 години.

Ердоган најави разговори со Путин и Зеленски

Tурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Турција продолжува со напорите за решавање на војната меѓу Русија и Украина, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на 9 декември, додавајќи дека наскоро ќе разговара со претседателите на двете земји.

„За да се реши оваа криза, во недела ќе разговарам со рускиот претседател Владимир Путин. Ќе разговарам и со украинскиот претседател Володимир Зеленски“, рече Ердоган на Светскиот форум на ТРТ во Истанбул.

Средба на руски и американски дипломати во Истанбул

Тој нагласи дека Турција сака дополнително да го зајакне договорот за извоз на жито, пренесува новинската агенција Анадолија.

„Иако силно го браниме територијалниот интегритет на Украина, се спротивставивме на поттикнувањето тензии во регионот со ирационални политики кон Русија“, истакна Ердоган.

На 22 јули Турција, Обединетите нации, Русија и Украина постигнаа договор во Истанбул за извоз на жито од три украински пристаништа на Црното Море, кои беа блокирани поради руско-украинската војна што започна во февруари. Договорот за жито беше продолжен за уште 120 дена, почнувајќи од 19 ноември.

Приватните автобуски превозници бараат средба со Ковачевски

Приватните превозници од јавниот автобуски превоз во Скопје ја блокираа раскрсницата кај Мавровка поради долгови од ЈСП, 28.11.2022

Приватните автобуски превозници доставиле барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба со цел наоѓање решение на проблемот со исплатата на долгот што го побаруваат од Град Скопје и ЈСП, поради што веќе пет дена протестираат со блокади во главниот град, информира Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ во изјава за МИА.

„Ви се обраќаме и ве молиме да одвоите време да не примите на разговор по повод настанатата состојба во јавниот градски превоз во Град Скопје, каде што за жал институциите задолжени за решавање на нашата состојба (ЈСП и градоначалничката на Град Скопје) не нé примаат на средба. Затоа, сметаме дека е потребна помош од највисоката инстанца на власт“, се вели во барањето на приватните превозници до премиерот.

Скопје под блокади – скопјани заложници на партискиот сеир

По четиридневни целосни блокади на три клучни сообраќајни точки во главниот град претпладне во 10 часот почна преместувањето на автобусите на превозниците од крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст и сега протестот се одвива на бул. „Илинеден“ кај Град Скопје. Блокадата на две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинден на потегот од Фонтана, до крстосницата до ГОБ „8 Септември“.

Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ бараат од Град Скопје да се подмири долгот во износ од над 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за натамошно функционирање.

Средба на руски и американски дипломати во Истанбул

Илустративна фотографија

Руски и американски дипломати се сретнаа во Истанбул на 9 декември за да разговараат за голем број технички прашања во билатералните односи, потврдија од руското Министерство за надворешни работи и од американската амбасада во Турција.

За војната во Украина не се разговарало, изјави портпаролот на американската амбасада, пренесува Ројтерс.

Заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков рече дека состанокот на шефовите на одделите на Министерството за надворешни работи е само технички состанок и не е знак дека двете страни се подготвени да продолжат да разговараат за „главните прашања“.

Новинската агенција ТАСС соопшти дека двете страни ќе разговараат за „тешки прашања“ вклучувајќи ги визите, бројот на персоналот во амбасадите и работата на двете страни институции и агенции во странство, меѓу другите неодредени прашања.

Колку се лоши работите меѓу Русија и САД?

Портпаролот на американската амбасада во Анкара ја потврди средбата и изјави дека „висок функционер на Стејт департментот бил во Истанбул за да се сретне со руски соговорници за тесен опсег на билатерални прашања“.

„За руската војна во Украина не се разговараше“, додаде портпаролот.

И руската амбасада во Вашингтон и американската амбасада во Москва беа значително намалени во последниве години во серија меѓусебни протерувања во кои десетици руски и американски дипломати беа вратени назад во нивните матични земји.

Шефот на руското надворешно разузнавање Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција Вилијам Барнс се состанаа во турската престолнина Анкара на 14 ноември, што претставуваше средба на највисоко ниво меѓу официјални лица од двете страни откако Русија ја нападна Украина во февруари оваа година.

Гир: Преку државните институции да се бориме со корупцијата

Македонија - Амбасадорот на ЕУ во Северна Македонија, Дејвид Гир

Оваа земја е на крстопат – мора да избере дали ќе се движи напред, одлучно да се справува со корупцијата или ќе дозволи шемите на корупција да се вкоренуваат уште повеќе, порача денеска евроамбасадорот Дејвид Гир на прес-конференција пред состанокот со институциите кои имаат надлежност за справување со корупцијата, на кој ќе се разгледаат забелешките од Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија подготвен од Европската комисија.

„Тоа значи преку закони и кодекси на однесување, тоа значи стимулации за промоција на услугите и сериозни санкции за коруптивното однесување. Тоа значи спроведување. Тоа значи, кога некој незаконски ќе заземе некое земјиште и ќе гради обвинителството мора да дејствува, а судовите да реагираат брзо без разлика кој е тој човек и колку и да е влијателен, колку и да е поврзан“, рече Гир.

Антикорупциска ќе проверува кои судии и обвинители предвреме положиле правосуден испит

Борбата против корупцијата, нагласи амбасадорот, е да се создаде средина што ќе биде непријателски настроена кон лошите навики поврзани со коруптивното однесување.

Министерство за одбрана – Немаше хакерски напад туку редовен сервис

Сајтот на Министерството за одбрана денска беше недостапен

Во Министерството за одбрана (МО) велат дека немало хакерски напад врз нивната интернет страница, туку се работи за „редовно сервисирање на серверите“ и затоа сајтот не бил достапен одредено време.

„Веб-страницата на МО е повторно во функција. Краткотрајниот прекин се должи на тоа што Министерството за одбрана врши редовно мониторирање и одржување на комуникациско-информатичките системи, како и надградба и модернизација на истите. Во текот на овие активности доаѓа до рестартирање на одредени сервиси и услуги на мрежата кои што се од времен карактер и кои што се со различно времетраење во зависност од комплексноста на активностите“, се наведува во одговорот на Министерството.

Претходно, сајтот за мониторирање настани Датаминр објави дека веб-страницата на македонското Министерство за одбрана се соочува со проблеми со поврзувањето по сајбернападот за кој одговорноста ја презеде проруската хакерска група NoName05716.

Наводно се работи за таканаречен ДДоС напад. ДДоС е напад на веб-страниците, во кој огромен број на фиктивни корисници од различни локации се обидуваат да пристапат до некоја веб-страница и така го преоптоваруваат серверот. Но, на ваков начин не се менува ништо на сајтот.

„Го продолжуваме нашето ДДоС патување низ министерствата за одбрана“, објавила групата, посочувајќи дека под напад биле министерствата за одбрана на Македонија, Словачка, Словенија и Унгарија, како и Министерството за надворешни работи и одбрана на Луксембург.

Руски опозиционер доби 8 и пол години затвор под обвинение за „лажни вести“.

Илја Јашин

Рускиот опозициски политичар Илја Јашин денеска беше осуден на осум и пол години затвор под обвинение за ширење „лажни информации“ за армијата. На Јашин му се судеше поради видео на YouTube објавено во април, во кое тој зборува за доказите откриени од западните новинари за руските злосторства во Буча, во близина на Киев, и фрли сомнеж врз официјалната верзија на Москва дека таквите извештаи биле измислени како „провокација“ против Русија. Москва донесе нова легислатива откако испрати десетици илјади војници во Украина на 24 февруари, која предвидува затворски казни до 15 години за ширење лажни информации за војската.

Руската новинарка Марина Овсијаникова помина неколку часа во притвор

Во својата последна изјава пред судот претходно оваа недела, Јашин апелираше директно до претседателот Владимир Путин, опишувајќи го како „лице одговорно за колежот“ и барајќи од него „да престане ова лудило“. „Гледајќи ги последиците од оваа монструозна војна, веројатно и самите сфаќате каква тешка грешка сте направиле на 24 февруари. Нашата армија не се поздравува со цвеќиња. Тие нè нарекуваат окупатори. Зборовите „смрт“ и „уништување Сега се цврсто поврзани со вашето име“, рече тој. Од почетокот на конфликтот, Русија се придвижи кон поништување на речиси сите форми на несогласување, при што повеќето од нејзините истакнати опозициски фигури или во затвор или во егзил.

Австрискиот претседател ја критикува владата за блокирање на влезот на Романија и Бугарија во Шенген

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен изјави во петокот дека жали поради одлуката на австриската влада да ги блокира Романија и Бугарија да се приклучат на отворената европска Шенген зона. „Вистина е дека Австрија е во тешка ситуација поради многу високиот број баратели на азил. Но, блокадата на Шенген не придонесува за решение“, напиша тој на Твитер. Ван дер Белен изрази надеж дека наскоро ќе се најде решение преку дијалог со партнерите од Европската унија. Министерот за внатрешни работи на Бугарија, Иван Демерџиев чија земја не доби зелено светло за влез во Шенген, потврди дека причината поради која неговата земја и Романија не биле примени е мигрантската криза.

Австрија најави вето за Романија и Бугарија за пристапување во Шенген зоната

Австрија беше најмногу против приемот на Бугарија и Романија во безграничната европска зона. „Австрија нема јасни податоци од каде доаѓаат овие мигранти. Нашето гледиште и гледна точка на Европската комисија е дека најголем дел од илегалните мигранти доаѓаат од Србија поради безвизниот режим“, рече Демерџиев. Романија и Бугарија чекаат да бидат дел од Шенген зоната од 2011 година. Минатиот месец Европската комисија донесе одлука дека Хрватска, како и Бугарија и Романија ги исполнуваат техничките критериуми за приклучување, а за нивно членство гласаше и Европскиот парламент.

Руски и американски претставници ќе се сретнат во Истанбул

турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и рускиот претседател Владимир Путин

Претставници од Русија и САД ќе се сретнат во петок во Истанбул, објави руската државна новинска агенција ТАСС, цитирајќи неименуван извор. Во извештајот се вели дека двете страни ќе разговараат за збир на „тешки прашања“, но не понуди дополнителни детали.

Колку се лоши работите меѓу Русија и САД?

И руската амбасада во Вашингтон и амбасадата на САД во Москва беа значително намалени во последниве години во серија протерувањa во кои десетици руски и американски дипломати беа вратени назад во нивните матични земји. Шефот на руското надворешно разузнавање Сергеј Наришкин и директорот на американската Централна разузнавачка агенција Вилијам Барнс разговараа во турската престолнина Анкара на 14 ноември во прва директна средба на највисоко ниво меѓу двете страни откако Русија ја нападна Украина во февруари. Претходно денеска, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека в недела ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин, како и со украинскиот Володимир Зеленски со цел да се зајакне договорот за жито од Црното Море поддржан од ОН. Ердоган држеше говор на конференција во Истанбул, на која Зеленски зборуваше преку видео врска.

Брнабиќ: Белград е блиску до одлука да побара враќање на војската на Косово

Ана Брнабиќ

Премиерката Ана Брнабиќ денеска изјави дека косовскиот премиер Албин Курти ги довел Србите и Албанците „на раб на војна“ и најави дека поради ова, Белград е блиску до одлука дека во согласност со Резолуцијата на Советот 1244 Советот за безбедност бара враќање на своите војници на Косово. „Секојдневно се прекршува не само бриселскиот, туку и договорот од Куманово. Блиску сме да побараме враќање на нашите сили на Косово според резолуцијата 1244, бидејќи КФОР не си ја врши работата. Србите не се чувствуваат безбедно и се физички и опасни по живот, вклучувајќи ги и детските градинки“, рече Брнабиќ.

„Нема предавање“ - Вучиќ со министерот за одбрана и началникот на Генералштабот

Таа оцени дека се што прави Курти е опасност за Србите и Албанците, но и за Европа. Брнабиќ оцени дека Курти ништо не прави сам, туку дека имал и „помош од партнерите во ЕУ кои не реагираат“.

Советникот на Стејт департмент Дерек Чолет во идната недела во Скопје

Советникот на државниот секретар на САД Дерек Шоле

Советникот на државниот секретар на САД Дерек Чолет ќе ја посети Северна на 14 декември за да разговара со владини претставници за низа прашања, вклучително и за енергетиката, економијата и борбата против корупцијата, соопшти Стејт департментот. Покрај Скопје, тој од 11 до 17 декември ќе ги посети и Косово, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска и Белгија, пренесува Гласот на Америка. „Оваа посета ја нагласува трајната посветеност на САД за мирот, стабилноста и просперитетот на регионот“, наведуваат од Стејт департментот.

Османи-Шоле: потврдена поддршката на САД за почнување на преговорите со ЕУ

Серијата посети, Чолет ќе ја заврши во Брисел на 16 до 17 декември со цел да разговара за соработката со европските партнери и сојузници за низа глобални прашања, вклучително и за континуирана поддршка за Украина, пристапот во ЕУ и европската интеграција на земјите од Западен Балкан, како и за енергетската безбедност и дијалогот меѓу Косово и Србија.

Во Северна Митровица нападнато возило во кое се превезувале новинари од приштински портал

Митровица

Група маскирани лица денеска нападнаle автомобил во кој се превезуваle новинари од приштинскиот портал „kallxo.com“ во северниот дел на Митровица. Инцидентот се случил во близина на Техничкото училиште кога едно од маскираните лица кои стоеле на раскрсницата со рака удрило во автомобилот, по што останатите од групата го гаѓале возилото со цврсти предмети. Новинарите на порталот не биле повредени, а видеото од инцидентот го објави агенцијата Телеграфи.

Напад врз полицијата на северот на Косово

Здружението на новинари на Косово го осуди нападот. Таа повторно побара од косовската полиција да обезбеди безбедносни услови за известување на новинарите од северот на Косово.

Уапсен црногорскиот специјален обвинител Саша Чаѓеновиќ

Саша Чаѓеновиќ

Специјалниот обвинител Саша Чаѓеновиќ денеска е уапсен под сомнение за создавање криминална организација и злоупотреба на службената положба, соопшти Државното обвинителство на Црна Гора. „По наредба на Специјалното државно обвинителство, Специјалното одделение за полиција утрово го лиши од слобода специјалниот обвинител С.Ч. поради основи на сомнение дека вршејќи ја функцијата специјален обвинител, во периодот од средината на - Од 2020 до 2022 година сторил кривично дело создавање злосторничка организација и повеќе кривични дела злоупотреба на службената положба“, се вели во изјавата на портпаролот на Обвинителството Вукас Радоњиќ.

Црна Гора: Нови апсења по приведувањето на поранешната претседателка на Врховниот суд

Се додава дека Специјалното државно обвинителство „навремено ќе ја информира јавноста за сите понатамошни дејствија и за состојбата на постапката“. Чаѓеновиќ е третиот висок претставник на судството кој е уапсен во последните девет месеци во Црна Гора. Во април беше уапсена поранешната претседателка на Врховниот суд на Црна Гора, Весна Меденица, а во мај претседателот на Стопанскиот суд во Подгорица, Блажо Јованиќ. Тие се обвинети за злоупотреба на службената положба.

Нови дојави за бомби во скопските училишта, Ист Гејт, Железничка станица

Нови дојави за бомби пристигнале на електронските пошти на неколку средни училишта во Скопје. Според информациите, дојави имало во средните училишта Владо Тасевски, Корчагин, Јосип Броз Тито, Орце Николов, Никола Карев и Михајло Пупин. Потврда за новите дојави има и од МВР од каде најавуваат повеќе детали наскоро.

Лажни се и новите пријави за бомби во школи и Народна банка

Дојава за бомба стигнала во трговските центри „Ист гејт“, ТЦ Бисер, Флатирон и ПС Центар, како и во Железничката станица. Министерството за внатрешни работи ги вршат потребните проверки. Пред два дена, дојави за поставени бомба стигнаа на електронските адреси на Народната банка на РСМ и на девет средни училишта во Скопје.

Вчитај повеќе

XS
SM
MD
LG