Достапни линкови

Сеуште непознат советничкиот тим на Иванов?


Новоизбрарниот претседател Ѓорѓе Иванов
Новоизбрарниот претседател Ѓорѓе Иванов
На ден пред инаугурцијата на новиот шеф на државата сеуште е мистерија кои се луѓето од тимот на Горге Иванов. Неофицално, се вратат 10 тина имиња, од млади експерти образувани во странство, до искусни унивезитетски професори.
Извори од опкружувањето на идниот претседател брифираат дека засега сигурни се новинар на ББС, дипломат од МНР и кадрите кои од самиот почеток на кампањата на Иванов беа во негово опкружување.
Неразбирливо зошто се држи во тајност составот на претседателскиот кабинет
велат некои од консултираните пи-ар менаџери и уредници.

„Избегнува било каква опасност, да не направи некаков гаф кој што би бил предмет на критики и потсмев, второ мислам дека нема некоја особена самостојност во изборот на луѓето што ќе го сочинуваат неговиот кабинет и трето се објави анкета во која што беше објавен неговиот рејтинг, кој изнесуваше 2,9%.“

„Претпоставувам дека тој би развил едни пошироки модели на она што значи односи со јавноста, односно комуникација со јавноста.“

Посочува коментаторот Никола Младенов од неделникот Фокус и универзитетскиот професор Јован Ананиев. Со голема дискреција се одвиваат преговорите кој од кадрите од албанската етничка заедница ќе бидат дел од новиот кабинет на шефот на државата, за што Иванов разговараше со лидерот на Дуи Али Ахмети. Новата екипа на петтиот претседател има две клучни задачи – како да се изгради позиција на авторитетна политичка личност која ќе кохабитира со владата но нема да биде продолжена моќ на премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.Универзитетскиот професор Јован Ананиев верува дека Иванов ќе се одлепи од сенката на Никола Груевски.

„Знаејќи дека станува збор за човек кој што има личен интегритет, мислам дека ни би дозволил туку така некој да му се меша во она што значи негово советничко опкружување.“

„Во оваа ситуација кога премиерот ја има целокупната власт во Македонија, нему не му треба човек кој што може да му се спротивстави, како што е професорот Иванов, му треба човек кој што нема да ја засени неговата харизма и неговата власт во државата.“

Коментира Горјан Георгиев, истражувач во центарот Форум.
На 12 мај во новиот резиденцијален комлекс на Водно каде ќе биде и претседателскиот кабинет, Иванов ќе се всели со скромен старт од околу 3 насто рејтинг меѓу политичарите со најголема доверба во земјата во нарачаната анкета од владеaчката партија.
XS
SM
MD
LG