Достапни линкови

Испаднатите претседателски кандидати за сега без отворена поддршка


Претседателските кандидати на заеднички појадок
Претседателските кандидати на заеднички појадок
Освен потврдувајќи ја веќе декларираната взаема поддршка и останување на стратегијата за заеднички настап како во случајот на кандидатите на СДСМ и ЛДП за градоначалници, отворени настапи во насока на взаемна поддршка во вториот круг меѓу политичките партии нема. Јавно декларирајќи се за принципиелност базирана на нивните програми и политики ги тргаат настрана изјавите за каков и да е договор за пренасочување на гласовите во вториот круг. Централното претседатеслтво на ДУИ ккао што велат оттаму сеуште не ја отворило оваа точка на дневниот ред, а токму таму како што офуцијално изјавуваат ќе се гради ставот и стратегијата како да се настапи во вториот круг и за претседатеските и за локалните избори.

,,До сега, од страна на кандидатите освен со јавни декларации дека се заинтересирани за гласовите на Албанците, некои преговори или нешто конкретно нема во тој правец нема,"

вели Рафиз Алити од ДУИ. Од друга страна негов личен став е дека во интерес и на граѓаните и на кандидатите би било политичките
Ние ја почитуваме секоја поддршка на било која полиитичка партија или граѓанин би ја дал на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и во секој случај ја очекуваме поддршката на граѓаните на Република Македонија
субјекти сами да ги побараат гласовите и на другите политички субјекти и на граѓаните и да ги побараат нивните гласови.

,,Ова го кажувам затоа што ние веќе сме во 21 век, и во нивен интерес е да им се обратат и на граѓаните Албанци ако ги бараат нивните гласови."

Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ не е информиран дека се случила средба помеѓу Никола Груевски и Али Ахмети за која беше информирано преку некои медиуми а поддршка во вториот груг како што вели неговата партија очекува од граѓаните.

,,Ние ја почитуваме секоја поддршка на било која полиитичка партија или граѓанин би ја дал на кандидатот на ВМРО ДПМНЕ и во секој случај ја очекуваме поддршката на граѓаните на Република Македонија,"

вели Димовски.

Во СДСМ разговарале со сите политички партии и кандидати кои не влегоа во вториот круг но не побарале јавна поддршка од никого. Сепак тие очекуваат поддршка од сите.
Поддршката ја очекуваме од сите, преку нивните штабови, поддржувачи за нашиот кандидат за претседател Љубомир Фрчкоски. На локалните избори веќе ја имаме поддршката на ЛДП, на голем дел од албанските партии каде што има албански гласачи


,,Поддршката ја очекуваме од сите, преку нивните штабови, поддржувачи за нашиот кандидат за претседател Љубомир Фрчкоски. На локалните избори веќе ја имаме поддршката на ЛДП, на голем дел од албанските партии каде што има албански гласачи,"

вели вд претседателот на СДСМ Зоран Заев.
Од ЛДП, како што јавно се изјаснија потврдуваат повтроно дека нема да ги насочат своите членови за кого да гласаат. По пово шпекулациите како што ги нарекуваат од штасбот на претседатексиот кандидат Љубе Бошковски дека неговите гласови во вториот круг тој би ги насочил на кандидатот на СДСМ Љубомир Фрчкоски оттаму денеска децидни дека станува збор за добртоволно дадени гласови кои нема да бидат пренасочувани на ниту еден од кандидатите.
XS
SM
MD
LG