Достапни линкови

Денеска прелиминарен извештај на ОБСЕ за изборите


Евроамбасадорот Ерван Фуере во посета на избирачко место
Евроамбасадорот Ерван Фуере во посета на избирачко место

Меѓународната набљудувачка мисија вчера имаше 300 набљудувачи од 40 земји. Во првичните оценки евро амбасадорот Фуере и американскиот амбасадор Рикер задоволни од изборите

Во текот на денов ОБСЕ ОДИХР ќе го објави прелиминарниот извештај за вчерашните претседателски и локални избори. Меѓународната набљудувачка мисија ги надгледуваше изборите со околу 300 набљудувачи од 40 земји и тоа 39 долгорочни и 250 краткорочни од кои 18 парламентарци и членови на парламентарното собрание на ОБСЕ, 14 набљудувачи од Парламентарното
Од она што го видовме, се чини дека се е во ред и направени се големи напори од локалните изборни одбори за се да биде подготвено навреме за да се отворат изборните места
собрание на ОБСЕ, 14 набљудувачи од Парлемнтарното собрание на Советот на Европа и 13 на Конгресот на локални и регионални власти. Денешната прелиминарна оценка ќе биде збир од сите впечатоци на набљудувачите изјави директорот на ОДИХР Јанез Ленарџиќ.Вчера на набљудувачките места беше забележливо активното присуство и интерес на амбасадорите во земјава за тоа како ќе заврши изборниот ден. Повеќето од нив изразија видно задоволство од отсуството на насилство и инциденти и други традиционални особености на досегашниот изборен фолклор во земјава

„Од она што го видовме, се чини дека се е во ред и направени се големи напори од локалните изборни одбори за се да биде подготвено навреме за да се отворат изборните места“.

изјави евроамбасадорот Ерван Фуере.

Секако треба да го почекаме конечниот извештај на ОБСЕ и ОДИХР но според она што ние го видовме на гласачките места кои ги посетивме, се чини дека изборите се одвиваа во мирна атмосфера за што пред се им честитеме на извбирачките одбори но секако и на
Ова е вистинско практикување на демократијата и тоа е она што секој македонски граѓанин го посакува и заслужува
граѓаните кои и покрај лошото време излегоа да гласаат, додаваат денеска од канцеларијата на европската унија во Скопје.
Американскиот амбасадор Филип Рикер беше еден од оние кои јавно го изразија задоволството од текот на изборниот ден.

„Ова е вистинско практикување на демократијата и тоа е она што секој македонски граѓанин го посакува и заслужува“.

Денеска и невладината МОСТ ќе ја изнесе збирната оценка од извештаите кои им пристигнале од гласалчките места во текот на вчерашното гласање.Тие синоќа информираа за одредени неправилности кои ги забележале на одредени гласачки места. Меѓу нив 23 случаи на гласање без употреба на УВ лампа во Битола, појава на семејно гласање во општината Шуто Оризари, агитирање пред изборачките места , делење на иснтрукции и притисоци врз граѓаните.
XS
SM
MD
LG