Достапни линкови

Ќе има ли ТВ дуел?


Ѓорѓе Иванов, претседателски кандидат
Ѓорѓе Иванов, претседателски кандидат
Во недоволната развиеност на демократска култура и одговорен однос кон граѓаните, како и поради стравот од неуспешно претставување пред јавноста, експертите ги гледаат причините поради кои пред секои избори кај нас, телевизиските дуели се неизвесни.

Иако соочувањето на кандидатите пред избори се смета за нужна и демократска постапка, насекаде во светот, кај нас тоа станува
Кандидатите кои проценуваат дека може да бидат оштетени во смисла да добијат помалку гласови, по правило се трудат да ги избегнат дуелите, а при тоа да бараат изговори кои се разбира нема да покажат дека се плашат од тоа
проблем, анализира проф. Живко Андревски од Европскиот Универзитет.

„Кандидатите кои проценуваат дека може да бидат оштетени во смисла да добијат помалку гласови, по правило се трудат да ги избегнат дуелите, а при тоа да бараат изговори кои се разбира нема да покажат дека се плашат од тоа.“

Според Андревски спротивно на сите демократски правила е да се поставуваат предуслови за реализација на дуелите.

„Кандидатите треба да го преземат ризикот да се соочат и тоа е шанса, ако се сметаат за способни во однос на другите, да го покажат тоа при едно такво соочување, со аргументи и настап во духот на политиката и програмата што ја застапуваат. Со убедување на јавноста дека се подобри во однос на другите.“

Љубомир Фрчковски, претседателски кандидат
Дали би гледале телевизиски дуел меѓу кандидатите, ги прашавме граѓаните. И за ова прашање добивме поделени мислења. Некои од нив велат дека соочувањето на ставовите меѓу различните кандидати, може да биде пресудно за нивниот глас.

„Сакам апсолутно да гледам ТВ дуел да се види програмата и мислењето.“
„Нема зијан, ќе се види кој е толерантен, кој не е, кој вреѓа, кој не.„

Други пак велат дека дуелите меѓу кандидатите воопшто не ги гледаат. Оти се било познато и немало што ново да понудат и да кажат. На дел од граѓаните пак политиката воопшто не ги интересира.
Кандидатите треба да го преземат ризикот да се соочат и тоа е шанса, ако се сметаат за способни во однос на другите, да го покажат тоа при едно такво соочување


„Не ми значи ништо баш. Гледам кампањи, не личат на ништо. Никој нема програма, се е рекла казала, чаршиски муабети.“
„Не се замарам, кој и да победи се исто.“
„Исти се сите.“

Експертите укажуваат дека сите кандидати треба да добијат шанса за меѓусебно сооочување и можност за спротивставување на нивните програми. Тоа велат е во духот на секое демократско општество и создавање услови за одвивање на изборите во фер и слободна атмосфера.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG