Достапни линкови

Градежните работници се без ангажман, а големите компании се жалат дека многу договори им пропаѓаат


Светската економска криза ќе има влијание врз македонското градежништво, но сеуште не може да се предвиди во колкава мера, велат засегнатите. Последиците засега ги трпат само работниците кои работеле во Црна Гора како и малите градежни претпријатија. Градежникот Милан Стојановски два месеци е без работа. Од Црна Гора го вратиле затоа што скоро сите градежни работи таму биле запрени.

„Газдите не не ангажираат, наводно бидејќи се поскапени градежните материјали, дека инвеститорите несакаат повеќе да инвестираат. Кога ќе ги прашаме, ни велат да почекаме до април, да видиме каква ќе биде ситуацијата, па да не ангажираат.“

Тој вели дека и во Mакедонија не може да најде работа. Работа тешко обезбедуваат и малите фирми. Едно е што немаат доволо механизација и работат само на високоградба , а друго е што сеуште не е почната градежната сезона, велат сопствениците на малите фирми. Последиците од кризата ги чувствуваат и големите градежни компании. Од „ Бетон„ објаснуваат дека многу договори за градење во Европа им пропаднале.

„Светската криза во Бетон ја почувствуваме прилично, бидејќи имавме договор со Полска кој се откажа поради светската криза, потоа имавме договор од повеќе од 100 милиони долари со Украина кој исто така се откажа.“

Објаснува извршниот директор на Бетон Трајче Трпевски.
Од синдикатот на градежни работници порачуваат градежните фирми да не ја користат светската криза како изговор за отпуштање работници.

„Апсолутно се надеваме дека овој број на работници не ќе може да ги задоволи активностите кои што ќе се спроведуваат во инфраструктурата во Македонија, значи кај нас нема потребата од отпуштање на работници поради светската економска криза.“

Вели Павел Трендафилов од синдикатот. Во Македонија се регистрирани околу 8.000 градежни компании, во кои работат повеќе од 40.000 луѓе..
XS
SM
MD
LG